Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во голема акција во струмичко-гевгелискиот регион уапсени цариници и полицајци

Под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, во тек е голема полициска акција во Струмичко-гевгелискиот регион.

Засега нема дополнителни информации за акцијата.

Со детали за случајот се очекува МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да се произнесат во текот на утрешниот ден.

Дел од медиумите неофицијално, повикувајќи се на полициски извори, пренесуваат дека во акцијата се уапсени цариници и полициски службеници, а бројките се движат од 20 до 30 поединци.

Зачлени се на нашиот е-билтен