Се бара притвор за 32 годишен скопјанец за кого постапка поведе Основното јавно обвинителство Скопје поради основано сомнение за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Според информацијата скопјанецот на 14 октомври, физички ја повредил вонбрачната партнерка откако двајцата со такси возило се враќале во нивниот дом. Прво имале врбална распавија, а потоа кога биле близу нивниот дом тој ја фатил за коса, ја извадил од такси возилото и ја удрил со глава во челото по што и ја пукнал левата аркада. Потоа продолжил да ја удира по носот, вилицата, стомакот и грбот, нанесувајќи и тешки телесни повреди – контузија, фрактури и крвни подливи.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка притвор.