Во текот на септември АД ЕСМ им рекордно ниско ниво на производство на струја со само 37,6 отсто, се вели во извештајот кој го објави националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО.
Според статистиките државните капацитети на ЕСМ произвеле само 165 гигаватчасови струја.
За споредба во февруари најдобриот месец во годинава се произведени 369 гигаватчасови струја, а во септември лани биле произведени 223 гигаватласови струја и затоа ЕСМ требала да докупи уште 32 гигаватчасови за да го задоволи договорот од 85 отсто од потребите на универзалниот снабдувач на регулираниот пазар кои на берзата Хупекс достигнуваше и цени до 120 евра за мегават час.
-Набавки на струја ќе се вршат во согласност со претходно усвоениот годишен план за производство, одговорија кратко од ЕСМ на прашањето дали и колку струја ќе се набавува во следниот период.
Изминатиот период блоковите во РЕК Битола често беа вон функција, а раководството на ЕСМ самото призна дека хидроакумулациите се на ниско ниво. Во моментов нема ниту наоѓалишта на висококалоричен јаглен.
-Во претстојниот период АД ЕСМ ќе набавува вкупно 560000 Т јаглен во согласност со тековните договори со 2 добавувачи, по цена од 470 денари за „GJ“. Со овие количини на јаглен од увоз (Грција), како и со количините на јаглен што очекуваме дека вработените во АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола со вонредно вложен напор ќе ги експлоатираат од нашите рудници, ќе продолжи реализацијата на планот за производство за 2024 година, усвоен на 20.12.2023, одговорија од ЕСМ за Рацин.мк.
Иако директорот за производство Зоран Коњановски рече дека третиот блок на РЕК Битола бил блокиран од увезен битуменизен јаглен, несоодветен на технологијата на комбинатоти дека бил пратен на испитувања на факултетот во Штип, сепак во официјален одговор на ЕСМ тврдат дека овие примероци не се испратени, па останува нејасно што се случило со тој јаглен.
Соња Танеска