Во Унгарија последните 14 години се спорведува автократски систем и земјата е се помалку демократска. Според вели за Рацин.мк Булцу Хунјади, раководител на програмата за радикализација и екстремизам при Институтот „Политикал капитал, Владата на премиерот Виктор Орбан започна многу мерки, кои го намалуваат функционирањето на правото поради што заработи многу критики од Еvропската Унија но и САД.
-Тоа е една од причините, или главната причината зошто унгарската влада се сврте кон Исток, бидејќи од Западот главно добива критики, а од исток главно добива пари, но исто така добива енергија, што е многу важно за економските политики на унгарската влада, како евтина енергија од Русија, вели Хунјади.
Како дел од својата стратегија, ето тоа што Владата на Орбан инвестираше многу политички и финансиски ресурси за воспоставување политичка соработка и политичко партнерство со истомисленици во ЕУ, преку Европа, а исто така и во САД.
-Унгарската влада формираше многу организации кои се вклучени во ова градење на влијание, како што ние го нарекуваме тоа, во Унгарија и во однос на Западен Балкан. Бидејќи за Орбан е важно, е да има некои лидери кои се пријатели на унгарската влада кои секако треба да се лојални и обврзани со унгарската влада во еден вид зависна врска, додава Хунјади.
Токму затоа според него унгарската влада обезбедува финансиска помош или заеми за овие лидери пред се од Западен Балкан или други алатки или други форми на практична помош за овие влади за да воспостави зависност во овие земји за да има своја корист за време на евроинтегративниот процес или пак кога ќе станат дел од ЕУ.
-Но, исто така, мислам дека унгарската влада се надева дека ќе добие некој вид на финансиски придобивки од сите овие односи, луѓето блиски до Орбан би инвестирале во овие земји и профитот што тие ќе го генерираат ќе се врати назад во Унгарија и како поддршка на финансиската основа на режимот на Орбан, вели Хунјади.
Тоа исто така важи и за Северна Македонија, а за тн унгарски кредит тој вели дека има кинески план и тоа со фокус на Коридорот 10 од Грција до Унгарија па преку Европа.
-И според изјавите на унгарската влада, исто така врските со Северна Македонија се многу важни затоа што дел од договорот со Кина е овој коридор кој е од исклучително значење, така што заемот што унгарската влада го обезбедува за Северна Македонија всушност е дел од заемот што унгарската влада го зеде од Кина. Така и односот меѓу Унгарија и Северна Македонија е поврзан со односот на Унгарија со Кина и помагање да продре кинеското економско влијание во Европа.