Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во АНБ не смее да биде партиски човек, Христовски е избор на премиерот, вели Таравари

Читав по медиуми и портали, но не значи дека сите информации се веродостојни, таму не смее да биде партиски човек, коментира министерот за здравство и еден од лидерите на „Вреди“, Арбен Таравари за Бојан Христовски, новиот директор на АНБ. Тој во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. додава дека не бил консултиран и дека изборот на директор на АНБ е на премиерот Христијан Мицкоски.

„Немам точни информации засега. Ако е добро како решение, треба да продолжи. Ако не е добро, повторно премиерот треба да одлучи. Генерално, гледам дека премиерот наоѓа решенија кои се релативно прифатливи, генерално зборувам, не велам стопроцентно, така што ќе видиме, ќе разговараме повторно, да ги добиеме сите информации, вели Таравари.


Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново