Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Цела јавност се вознемири, а замислете како ни е на нас што сме дел од Зоолошката – Вработените бараат деполитизација на оваа институција

атворена зоолошка градина / Фото: Слободен печат / Драган Митрески
атворена зоолошка градина / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Преку статус на фејсбук се огласи Тина Мицковска, вработена во скопската ЗОО, а која во минатото беше задолжена за односи со јавноста.

Еве што порача таа во името на сите вработени во ЗОО.

„Овие денови сите вработени бевме под шок од се што се случува и веќе по којзнае кој пат под голем стрес и затоа чувствувам одговорност јавно да се обратам:

Цела јавност се вознемири, а замислете како ни е на нас што сме дел од зоолошката, што се бориме животните да имаат достоинствен живот иако се во заробеништво. Таму сме за нив, таму сите вработени доживеавме огромни стресови изминатиот период највеќе поради политички игранки. Гневот го разбирам на сите посетители и скопјани, но мои колеги што животот го посветиле на таа зоолошка и се борат за таа установа, не заслужуваат да шетаат со главите надолу веќе подолг период. Наместо горди дека даваат се од себе, засрамени сме затоа што други немаат срам(а знаеме што значи отсуство на срам во психологијата).

Ние не сме виновни што едно место каде што живеат живи суштества (за најголема жал во заробеништво) кои ги гледаме како фамилија веќе подолг период е мета на политички глупости, заканувања и препукувања… Здравјето и претрпениот стрес на овие луѓе никој нема да го врати… И никој нема да ги врати животните кои ги изгубивме и што не може ни да знаете и замислите која болка ја имаме. Бараме итна деполитизација на зоолошката, без закани и притисоци од надворешни лица, кои не поминале ни ден со нас и животните да знаат како ни е. Терор не заслужиле вработените кои сакаат животни, а најмалку тоа го заслужуваат недолжните души кои тука живеат.

Јавноста со право реагираше бурно и испаничено, со оглед на сите збиднувања, за кои ни самите најчесто не сме запознаени. За она што се случи во саботата и што секако ќе остави повторно последици врз вработените и самите ние дознавме од новинарите и од јавноста (јас лично дознав дента околу 12:00 што е иронично). Иако АХВ уредно по закон и по проткол известиле и пратиле допис до ЗОО Скопје уште претходниот ден што ќе се случува, ние најголемиот дел вработени не бевме информирани. Замислете го тој шок, за сите нас .

ЖИВОТНИТЕ НЕ СЕ ИГРАЧКА, НИТУ ОРУЖЈЕ ЗА ПРЕПУКУВАЊЕ!

Сите вработени се оградуваме од пуштените политички соопштенија во јавност во наше име. Никогаш порано не се случувало да имаме надворешен притисок за било што.

Таму сме биле за животните и ќе бидеме без разлика на се. Некој решил да се посвети на животни , а некој поради политички циркус може да уништи нешто што години се градело од посветени луѓе и професионалци (без разлика на нивната (не)политичка припадност, која ја оставале и оставаат надвор од ЗОО Скопје) Уште еднаш за крај замолувам, политиката НАДВОР ОД ЗОО, траумите, стресот и болката за изгубените животи никој нема да ги надокнади.

Се надевам дека јавноста ќе ја цени нашата искреност и дека доколку дојде до репрекусии максимално ќе не поддржи, како што не поддржува и Синдикатот за образование и култура (СОНК) и претседателот Јаким Неделков до кои изразувам огромна благодарност бидејќи застанаа на наша страна и не дозволуваат повеќе притисоци и закани врз вработените. Благодарност и до сите кои не поддржуваат јавно и гласно, затоа што знаат дека вработените се најмалку виновни за се што се случува. Ова го пишувам и во име на моите колеги кои се срамат и оградуваат за се што се случува. ЖИВОТНИТЕ И ЗООЛОШКАТА НЕ СМЕЕ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПОЛИТИЧКИ ИГРАНКИ и јавните гласила на нашата институција под притисоци да се злоупотребуваат за политички соопштенија“, напиша таа.

Зачлени се на нашиот е-билтен