Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Што се слави на 23 Октомври?


Од 2007 година во земјава на 23 Октомври се прославува Денот на македонската револуционерна борба по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун.

Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.

Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање современа самостојна македонска држава.

Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност.

Постојат и контроверзии во врска со овој празник, бидејќи овој ден се смета за основање на ВМРО, па дел од јавноста смета дека партискиот роденден на денешната партија ВМРО-ДПМНЕ не смее да се слави како државен празник. Некои првоборци и преродбеници сметаат исто така дека тоа е празник во служба на големобугарската идеја.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново