Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Утре ќе се одржи конференција за релевантноста на стручното образование и образованието за возрасни со поддршка на ЕУ

Утре, на 24 октомври, во хотелот Лимак во Скопје ќе се одржи завршната конференција на проектот финансиран од ЕУ „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“.

Говорници ќе бидат г-ѓа Весна Јаневска, Министерка за образование и наука, претставник на Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија, г. Лудмил Ковачев, тим лидер на проектот како и претставници на различни национални образовни институции и регионални центри за стручно образование.

На Конференцијата ќе се презентираат главните резултати и достигнувањата на проектот, ќе се зборува за потенцијалот за одржливост на резултатите од проектот како поддршка на агендата за реформи на секторот во Северна Македонија, како и за улогата на резултатите од проектот за подобрување на системот за постсредно образование во Република Северна Македонија.  

Дополнително, ќе се претстават и резултатите од проектот како поддршка на понатамошното воспоставување на системот за валидација на неформално и информално учење (VNFIL), но и оние за усогласувањето на постојниот систем за обезбедување квалитет во стручното образование и обука (СОО) со eвропската рамка за обезбедување на квалитетот во стручното образование и обука EQAVET.

За перспективите за понатамошен развој на новите регионални центри за стручно образование и обука во Струмица и Велес, избрани од проектот, ќе говорат директорите на овие центри.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново