Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кометата Цучиншан Атлас „уловена“ на небото на Македонија

Скопското астрономско друштво на социјалните мрежи објави фотографија од кометата С/2023 А3 (Цучиншан–АТЛАС) „уловена“ на небото над Северна Македонија.

„Уште една прекрасна фотографија од кометата С/2023 А3 (Цучиншан–АТЛАС) и Млечниот пат, овој пат фотографирана од брегот на Охридското Езеро. Автор на оваа прекрасна фотографија е Стојан Стојановски. Браво“, напишаа од Скопското астрономско друштво.

Стојан Стојановски е познат како фотограф кој прави исклучително добри фотографии од Охрид и охридскиот регион, а често пати „ловел“ и вакви фотографии каква што е оваа на кометата С/2023 А3 (Цучиншан–АТЛАС) и дел од галаксијата Млечен пат.

Од Скопското астромско друштво на крајот од минатиот месец најавија дека Кометата С/2023 А3 Цучиншан-АТЛАС (Tsuchinshan-ATLAS) повторно ќе се појави на нашето небо во наредните недели.

Кометата С/2023 А3 е забележана во февруари 2023 година, за време на истражување на небото спроведено од АТЛАС – систем за последно предупредување за астероиден удар на Земјата, користејќи го рефлекторниот телескоп 0,5-m f/2 Шмидт, кој оперира во опсерваторијата Сатерланд во Јужна Африка.

Тогаш, тоа беше неинспиративна 18та магнитудна точка на фотографија и ѝ беше дадено исто толку неинспиративно име A10SVYR.

Кога нејзината орбита се пресметала, било забележано дека кометата веќе претходно била забележана од страна на Опсерваторијата Пурпурна планина во Кина на 9 јануари 2023 година, кога имала магнитуда од 18,7.

Набљудувањата откриле дека A10SVYR има кратка опашка, па затоа била означена како комета и по долгогодишната конвенција за именување, ѝ било дадено име во чест на двајца нејзини откривачи: С/2023 А3 Цучиншан-АТЛАС. Зошто предизвикала толкава возбуда, кога кометите се откриваат секојдневно?

Бидејќи пресметувањето на бројките, покажале дека орбитата на кометата А3, ќе ја донесе доволно близу до Сонцето и Земјата во септември/октромври 2024 година. Имаше добра шанса да биде видлива со голо око и имаше потенцијал – ако се беше како што треба – да биде силна и светла, видлива со голо око, комета.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново