Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ќе ја прескокнеме ли традицијата на подготвување кисела зелка за зимница, цените се превисоки

Според најновите податоци од Земјоделскиот пазарен информативен систем на Министерството за земјоделство, најевтина е зелката во Кичево и Крушево, додека низ скопските пазари се движи од 50-60 денари. Најскапата зелка се продава на пазарот во Берово каде што достигна цена од 80 денари.

Цените предизвикаа масовни негодувања меѓу купувачите, особено пензионерите, кои се најпогодени од овој тренд.

„Ова е веќе претеризам. Секогаш сум си ја купувал зелката наесен за да ја ставам за зимница, ама оваа година е многу тешко да се одделат толку пари. Имам 16.000 денари пензија, а од тие пари морам да издвојам за сметки, лекови и за сè друго. Од каде да најдам толку пари за зелка? Мора да најдеме алтернатива, ама веќе ништо не е евтино“, реагираат граѓаните.

Ситуацијата со цените на пазарите не е нова. Цените на речиси сите земјоделски производи драстично пораснаа, а зелката, како една од клучните состојки во македонската исхрана, стана симбол на тековната економска криза.

И пазарџиите укажуваат дека интересот за купување зелка е намален.

„Луѓето се жалат. Некои доаѓаат, го гледаат производот и се враќаат назад. Не можат да си дозволат да платат толку многу, а и ние не можеме да продаваме по пониски цени. Ќе видиме што ќе се случи, но изгледа зимата ќе биде тешка за сите“, велата продавачите на пазарите.

Зачлени се на нашиот е-билтен