Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Муртезани: Постои подготвеност во Владата за уставните измени кои се услов за отворање на кластерите

Фото: Министерство за европски прашања

„Уставните измени остануваат услов за почеток на преговорите по кластери, но неодбивањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на нашиот предлог значи дека се создава простор за потенцијално решение“, истакна денеска министерот за европски прашања Орхан Муртезани на брифингот со новинари.

Тој додаде дека Фон дер Лајен и на прес-конференцијата вчера истакнала дека условот за уставни измени стои, а како што кажа министерот на средбата со претседателката на ЕК се разговарало за уставните измени и за Коридорот 8.

„За две важни теми разговаравме со Урсула фон дер Лајен, тоа се уставните измени и секако Коридорот 8.  Што се однесува до гаранциите нашето настојување, за кое веќе се има слух во Брисел и меѓу нашите партнери, е да не се дозволи натамошна билатерализација на процесот по уставните измени. Сите сме сведоци дека подготвеност за носење на уставните измени во Владата постои, меѓутоа ние сакаме да го обезбедиме процесот и откако ќе се отвори процесот да не трае вечно, бидејќи сметаме дека би биле крајно неодговорни ако мислиме дека постои таков ризик, мислам дека така само би направиле штета“ рече Муртезани.

Министерот додаде дека не е проблем времетрањето на процесот за менување на Уставот, туку осигурувањето дека таквите измени служат за членство во ЕУ, а не за дополнителна депресија за општеството и ново вето.

Зачлени се на нашиот е-билтен