Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тешко е да се преживее со 370 евра кога минималната кошничка е над 1.000 евра

Раст на платите во секотрите кои годинава немаа покачување како и разгледување на предлозите за измени на предлог буџетот за следната година бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ)

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилот е оптимист дека Владата е отворена за промени бидејќи на последната седница на Економско-социјалниот совет добиле ветување од премиерот Христијан Мицкоски дека ќе се разгледаат ставките во Буџетот и ќе се види што може да се направи со растот на платите следната година.

„Минималната плата, треба побргу да расте, животот е се поскап и тешко е да се преживее со 370 евра ако синдикалната кошничка изнесува повеќе од 1000 евра, вели Трендафилов.

ССМ уште во мај побара минималната плата да се покачи барем на 450 евра која според последните пресметки на Државниот завод за статистика, изнесува 22.567 денари или 366 евра.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново