Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ најави дека властите во Србија ќе имаат состанок за подготовка за исходот од изборите во САД

– Европската унија минатата недела имаше голем состанок за тоа што ако победи Трамп. Ќе се подготвуваме и ние за двете варијанти следната недела, ќе имаме состанок за да се подготвиме – рекол претседателот на Србија Александар Вучиќ во интервју за ТВ Прва.

Вучиќ во интервјуто рекол „имаме две непознати од САД. Една помалку непозната и уште една“, но не прецизираше на кого се однесуваат овие квалификации.

За време на емисијата на Тв Прва тој ја коментираше претседателската кампања во САД.

„Тоа е многу добра кампања, извонредна, од двајцата во последните седум дена. Тоа е судир на светови…“, оценил српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој рекол дека добри потези направил и кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, но и демократската кандидатка Камала Харис, која јавно ја поддржа светски познатата пејачка Бијонсе на предизборен митинг во Хјустон.

– Успешно ја донесе Бијонсе, а некој паметно и кажа што да каже. Бијонсе вели „Не сум овде како славна личност, не сум овде како пејачка, тука сум како мајка“. Малку е патетично, но добро звучи бидејќи Камала се обидува да го извлече женскиот електорат“, да ги оставиме настрана сите расни, национални и други разлики”, рекол Вучиќ гостувајќи на ТВ Прва.

Зачлени се на нашиот е-билтен