Најавени нови големи протести во Франција

Нови протести во Франција, најавени за сабота, 31 октомври, ги ставаат безбедносните служби во висока готовност. Властите ќе мобилизираат 70.000 полицајци и жандарми за да спречат насилство и грабежи, а министерот за внатрешни работи Лоран Нињез предупредува на многу висок ризик од нарушување на јавниот ред, особено вечерта на Ноќта на вештерките.

Најголемата загриженост е поврзана со повиците на социјалните мрежи за собирање на градските плоштади по 20 часот, кога дневните протестни поворки веќе би завршиле. Нињез најави исклучително цврста реакција на безбедносните сили доколку дојде до насилство.

„Ле Паризиен“, кој имал увид во телеграмата испратена до префектите, објавува дека министерот бара посебно внимание кон можни непријавени ноќни поворки. Дел од повиците за собирање кружат со пораки за маскирање и останување на улиците цела ноќ. Весникот, сепак, наведува дека тие објави засега немаат особено голем одек.

На новиот протестен ден повикаа координацијата на „Жолтите елеци“ и средношколски и студентски синдикални организации. Меѓу причините за незадоволството остануваат високите трошоци за живот. Во упатствата до локалните власти, Нињез бара силни и подвижни полициски единици, а таму каде што е потребно се суспендираат слободните денови на полицајците и жандармите за да се зголеми расположливоста на персоналот.

Предвидени се проверки на железничките станици и на сообраќајните правци кон собирите, со цел да се откријат предмети што би можеле да се употребат за насилство. Локалните власти ќе можат да определуваат протестни траси надвор од градските центри, да забрануваат одредени собирања и, според безбедносната процена, да воведуваат полициски час.

Мерките следуваат по насилството, оштетувањето имот и грабежите на 17 октомври. На протестите на 24 октомври учествувале околу 410.000 луѓе, според француското Министерство за внатрешни работи. И тогаш биле ангажирани 70.000 припадници на безбедносните сили.

Во Париз подготовките веќе вклучуваат отстранување подвижни огради, стаклени контејнери и тешки или запаливи предмети од јавните површини. Градската управа ги повика жителите и трговците од сабота напладне да ги приберат велосипедите, кантите за отпад и надворешниот мебел.

Градскиот кризен штаб ќе се активира во сабота во 12 часот, во координација со париската полициска префектура. За викендот се предвидени и повеќе од 1.000 работници за чистење, кои ќе интервенираат штом безбедносните услови го дозволат тоа.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Никаков ефект - нашите млади веќе се спремаат да се иселат 752 (42%)
42 %
Само партиска козметика - партиите во МК ќе измислат свои „студентски крила“ за да го скротат бранот 390 (22%)
22 %
Ќе ги охрабри младите - политиката не е резервирана само за „старите играчи“ 330 (19%)
19 %
Паника во власта - политичарите ќе нудат бенефици за да пресретнат револт 309 (17%)
17 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Никаков ефект - нашите млади веќе се спремаат да се иселат 752 (42%)
42 %
Само партиска козметика - партиите во МК ќе измислат свои „студентски крила“ за да го скротат бранот 390 (22%)
22 %
Ќе ги охрабри младите - политиката не е резервирана само за „старите играчи“ 330 (19%)
19 %
Паника во власта - политичарите ќе нудат бенефици за да пресретнат револт 309 (17%)
17 %