Не ја отворајте страницата на ПИОМ, повторно обид за крадење лични податоци на осигурениците

Црвен екран со предупредување „Опасна страница“ се појавува при пристап до веб-страницата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Во пораката се предупредува дека напаѓачи на страницата би можеле да ги наведат корисниците да инсталираат штетен софтвер, кој може да ги менува поставките на прелистувачот или да прикажува несакани реклами.

Вакво предупредување се појавува кога заштитниот систем препознава ризик поврзан со злонамерен софтвер, измамничка содржина или други опасности за посетителите.

Фондот и претходно се соочуваше со проблеми во функционирањето на системот. На 12 август годинава „Слободен печат“ објави дека неколку дена немало пристап до базата на податоци, поради што граѓаните не можеле да добијат податоци за стаж. Во тогашното известување не беше потврдено дека причината е хакерски напад.

На 22 октомври беа објавени и ревизорски наоди за сериозни слабости во информациската безбедност на ПИОМ. Фондот тогаш одговори дека голем дел од пропустите се надминати и уверуваше дека податоците на осигурениците и пензионерите не биле компромитирани.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?