Најмалку 13 лица загинаа, а петмина се повредени при руски напад со дрон врз железничката станица во украинскиот град Дњепар. Беспилотната летала удрила директно на перонот додека патниците чекале воз.
Нападот се случил на перонот непосредно до возот број 866, кој сообраќал на линијата од Дњепар кон Запорожје, соопшти украинската државна железничка компанија „Укрзализниција“.
Иако во градот била огласена воздушна опасност, на перонот во моментот на ударот се наоѓале голем број цивили. Според железничкиот оператор, станува збор за беспилотно летало на млазен погон.
Началникот на регионалната воена управа на Дњепропетровск, Олександр Ханжа, потврди дека службите за итни случаи се на терен и дека медицинските екипи им укажуваат помош на повредените. Полицијата и спасувачите го обезбедуваат местото на ударот.
Овој напад врз цивилна транспортна инфраструктура потсетува на ракетирањето на железничката станица во Краматорск во април 2022 година, кога при напад со проектил загинаа 61 лице, а над 160 беа ранети додека чекаа возови за евакуација.

