Новиот српски премиер со цврсти ставови за Косово и Хрватска

Србија треба да ги подобри односите со соседите, вклучително и со Македонија, и да стане фактор на стабилност во регионот, порача Дејан Шошкиќ, кој се споменува како можен иден српски премиер. Поранешниот гувернер оцени дека соработката е неопходна и покрај различните погледи кон војните од деведесеттите.

Зборувајќи за Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија, Шошкиќ ги истакна семејните и пријателските врски како дополнителна причина за добрососедство.

За операцијата „Бура“ и Вуковар, сепак, не очекува приближување на ставовите меѓу Белград и Загреб. Според него, различните толкувања на воените настани ќе опстојуваат, додека Студентската листа е насочена кон соработка, стабилност и просперитет на регионот.

Во однос на Косово, Шошкиќ се повика на српскиот Устав, според кој тоа е дел од Србија. На прашањето за идниот однос кон Русија не даде конкретен одговор.

Сопствената премиерска кандидатура не ја потврди. Во одделен разговор за Медија сервис, пренесен од „Блиц“, можноста да ја води владата ја опиша како хипотетичка. Како први задачи на новата власт ги наведе слободата на медиумите, борбата против корупцијата, зајакнувањето на институциите и донесувањето закон за лустрација.

Шошкиќ истакна дека лично ги поддржува европските интеграции. Смета дека, по исполнувањето на условите за членство, граѓаните треба да се изјаснат на референдум, а и Европската Унија треба јасно да покаже дека ја сака Србија во своите редови.

Шошкиќ ја водеше Народната банка на Србија од 2010 до 2012 година. Поднесе оставка поради предложени законски измени за кои предупреди дека ја загрозуваат независноста на централната банка.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?