Ја освои Лигата на шампионите со Барселона, а денес продава маички и фудбалски копачки: Невообичаена приказна за познат фудбалер

Секој вистински фудбалски навивач добро знае кој е Жереми Матие, но речиси никој не знаел што направил по неговата фудбалска кариера.

„Шокантно“, „бомбастично“ или „сензационално“ беа чести описи во европските медиуми во приказната за поранешниот француски дефанзивец и фудбалер на Барселона.

Зошто? Затоа што фудбалер кој заработил десетици милиони евра во својата кариера решил да води обичен живот и да работи обична работа.

Тој стана продавач во голем синџир на спортска опрема (тоа е меѓународен синџир), а францускиот „Еквип“ истакна дека работи како менаџер на фудбалскиот сектор во продавница помеѓу Екс-ан-Прованс и Марсеј.

Матие се пресели од Валенсија во Барселона во 2014 година и беше претежно член на ротацијата (не секогаш стартер). Тој беше важен играч кој ја освои Примера, Копа дел Реј, Лигата на шампионите, подоцна Суперкупот, Светското клупско првенство и Суперкупот на Шпанија.

Како животот може да се промени за 10 години. Или преку ноќ.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?