1. ВМРО-ДПМНЕ постави директор на АНБ со сертификат за англиски јазик со степен ТОЕФЛ од непостоечко училиште за странски јазици;
Во април обвинителството во Велес поднело кривична пријава против велешанка за лажен ТОЕФЛ сертификат, кој бил од истото место каде што полагал и новиот шеф на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.
ТОЕФЛ сертификат од непостоечко училиште за странски јазици во Пловдив во Бугарија добил тврди и Христовски.
2. Гордана Сиљановска амнестираше нарко босови и криминалци осудени за тешки кривични дела;
По жестоките реакции во јавноста околу неколку имиња кои се најдоа на листата на помилувани по повод празникот „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во „Вила Водно“ ја свика на состанок на Комисијата за помилување.
После два дена Членовите на Комисијата за помилување ја информираа претседателката Гордана Сиљановска Давкова дека поднесуваат колективна оставка од позициите во комисијата.
Одлуката за поднесување на колективна оставка од Комисијата за помилување членовите ја донеле во согласност со нивните лични и професионални принципи.
Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката поднесена од проф. д-р Методија Каневчев, проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири.
Во следниот период претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе изврши консултации за новиот состав на комисијата, како и за институционалните и законски слабости кои постојат во системот за помилување на осудени лица.
3. Мицкоски го прогласи Преспанскиот договор за ремек дело на успешна дипломатија;
„Преспанскиот договор е брилијантно ремек-дело, кое треба да се преслика за решение со Бугарија“ – ова го изјави премиерот Мицкоски на Европскиот самит во Салцбург, Австрија, во неговото обраќање.
На панел посветен на иднината и реформите на Европската Унија, Мицкоски порача дека спорот со официјална Софија е наметнат, додека суштината е тврдењето на Бугарија дека македонската нација е создадена 1945 година, како производ на комунистичката Коминтерна, а Македонците претходно биле Бугари.
„Ако Преспанскиот Договор беше ремек дело на европската дипломатија, нешто што е брилијантно… тогаш зошто да не го реплицираме ова ремек-дело за изнаоѓање решение, конечно, пристојно, долготрајно, одржливо решение кое ќе обезбеди решение за овој вештачки спор? Ова не е спор со корени, ова е спор кој што е вештачки спор“, рече Мицкоски.
4. За државен секретар во МВР поставено лице кое добило кривична пријава од истото министерство за местење тендери;
Актуелниот државен секретар во Министерството за внатрешни работи имал кривична пријава од МВР за местење на тендер.
Сашо Петрушевски, како што стои на веб-страницата на МВР е државен секретар, а во биографијата која стои на веб страницата можете да забележите дека е функционер повеќе од 15 години.
Од 2002 до 2005 е директор на ЈП ЕСМ Подружница Куманово, од 2009 до 2009 Советник во Советот на Општина Куманово, од 2009 до 2018 е директор на ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово (кога и ја добива кривичната пријава, од 2022 до 2024 е директор на ЈП „Куманово – Паркинг“ Куманово.
5. Министерката за енергетика претставена во Македонија како експерт за таа област, а во Чешка имала фирма за чорапи и хулахопки.
Чешкиот „Репортер магазин“ пред точно една година ја опиша Сања Божиновска како успешна енергетска консултантка која го промовира својот еколошки бренд на хулахопки и чорапи „Божици“ како свое хоби. Сепак, Божиновска сега се дистанцира од овој бизнис, тврдејќи дека само помага на пријатели од Северна Македонија да го прошират нивниот бизнис во Чешка, објави РСЕ.
Во својот анкетен лист, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, покрај недвижностите вредни над еден милион евра, пријави и сопственост на чешката компанија „Sustainable services“.
Инаку, Божиновска уште не излезе со јасен став во врска со нејзиното бугарско државнајство.