Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ахмети со писмо до Мицкоски, повикува на конструктивен дијалог

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, испратил официјално писмо до премиерот Христијан Мицкоски, во кое изразува загриженоста за неодамнешните одлуки на Уставниот суд велејќи дека истите имаат потенцијален негативен ефект на меѓуетничката кохезија во државата.

Во писмото, Ахмети нагласува дека се наоѓаме во исклучително чувствителен геополитички момент, каде што секоја нова тензија може да влијае на внатрешниот развој и меѓуетничките односи. Тој посочува дека укинувањето на заштитните механизми за заедниците и измените на Законот за употреба на јазиците не само што се политички контроверзни, туку и опасни за напредокот на општеството.

ДУИ апелира до политичките партии и институции за поголема одговорност и зрелост, поттикнувајќи дијалог и соработка. Ахмети ја истакнува важноста на Охридскиот договор за стабилноста и демократијата во земјата, предупредувајќи дека секое оспорување на неговите принципи може да доведе до поголеми конфликти.

Во писмото, тој повикува на конструктивен дијалог и на споделување на одговорноста за иднината на земјата, потенцирајќи дека единството и соработката се клучни за напредокот на Македонија и нејзината европска перспектива.

Зачлени се на нашиот е-билтен