Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски не очекува поскапување на струјата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува поскапување на струјата за домаќинствата во јануари. 

Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече дека ќе продолжи навременото снабдување со електрична енергија. 

– Не очекувам да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата овој јануари. Не очекувам. Од она кое што можам да го заклучам е дека навремено се снабдуваат граѓаните со сите количини на електрична енергија и ќе продолжиме така да ги снабдуваме. Така што, барем од онаа информација со која што јас располагам не очекувам да има покачување на цената на струјата за домаќинствата, рече Мицкоски, по увидот во работите за изградба на автопатот Гостивар Букојчани. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново