Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Утре во Собранието пратениците ќе прашуваат, министрите ќе одговараат

На дневниот ред на утрешната 18. собраниска седница пратениците ќе поставуваат прашања. Пленарна седница со пратенички прашања согласно собранискиот Деловник се одржува секој последен четврток во месецот. Според практиката, први прашања на премиерот и министрите им поставуваат пратениците од опозицијата.

На собранискиот сајт пишува дека врз основа на член 66 став 3 од Уставот на
Република Северна Македонија и член 40 став 1 од Деловникот на Собранието на Република
Северна Македонија, собранискиот спикер со решение свикува седница на која ќе бидат поставувани пратенички прашања.

Исто така утре, со почеток во 10 часот собранискиот спикер Африм Гаши ќе одржи редовна средба со новинарите. Брифинзите со новинарите за актуелни теми поврзани со работата на Собранието се одржуваат секој четврток, во последната недела од месецот.

Зачлени се на нашиот е-билтен