Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ново погазување на ветувањата: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради пругата кон Бугарија по истиот проект

Секој ден ВМРО-ДПМНЕ си погазува по едно ветување и ретерира од своите позиции. Најновата вест е дека пругата кон Бугарија која беше слеп тунел, која не беше приоритет за Николоски и Мицкоски, која беше криминална и за кој требаше да се прави нова траса ќе се прави онака како што беше планирано претходно, реагира денеска со соопштение СДСМ. 

„Нема никаква измена во планот за градба и ова е практично уште едно признание за работењето на Владата на СДСМ и стратешките проекти кои реализиравме за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ освен што се фали со проектите на СДСМ и си ги погазува сите ветувања засега нема реализирано ништо значајно или ново за граѓаните“, се посочува во соопштението. 

Од опозициската партија посочуваат дека „од историски криминал, коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни проекти, слепите тунели прогледаа, а наводните криминални зделки сега се добри за ВМРО-ДПМНЕ“. 

„Очигледно ВМРО-ДПМНЕ се што сакале е само да бидат СДСМ и да може да се пофалат дека нешто важно сработеле за земјата бидејќи засега немаат ниеден свој проект и ниту автентична политика“, се истакнува во соопштението на партијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен