Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: Прехранбени продукти со нула посто ДДВ и минимална плата од 450 евра за надминување на кризата

Животниот стандард на граѓаните е загрозен, а тие имаат се помалку пари во семејниот буџет, основните прехранбени производи стануваат луксуз, а ценовните шокови допрва доаѓаат во текот на зимските месеци, порача денеска од Собранието пратеникот и претседател на СДСМ, Венко Филипче.

Тој во своето обраќање, најави дека СДСМ поднесува предлог закон за имени и дополнувања на Законот за Данок на додадена вредност со кои ќе се укине ДДВ на прехранбените продукти.

„СДСМ поднесува Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. Со него се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за човечка исхрана или. Ова се над 250 категории производи кои ќе бидат со нула проценти ДДВ“ рече пратеникот Филипче.

Според него со ваквата мерка секое семејство месечно ќе заштедува од 1200 до 2000 денари.

Филипче ги повика сите пратеници да дадат поддршка на Законот, а истовремено ја повика и Владата во брза имплементација на Законот за спречување нефер трговски пракси.

„Воедно, бараме Владата да престане да тактизира со Законот за нефер трговски практики и веднаш да почне неговата примена. Овој закон опфаќа над 2.600 земјоделски производи кои се веќе дефинирани и готово применливо решение што го донесе Владата на СДСМ“ порача тој.

Филипче, на крајот додаде дека пратеничката група на СДСМ одново ќе го поднесе Законот за минимална плата со цел нејзиниот износ да биде 27.700 денари или 450 евра, што според него ќе биде уште еден чекор во надминување на последиците од кризата.

Зачлени се на нашиот е-билтен