Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Наместо на Христовски, Тошковски ќе проверува други сертификати

„Ви благодарам на прашањато. Ова е една од темите што во јавност е повеќе од десет дена. Да, МВР во рамки на своите дејствија согласно закон, ќе ги провери досега добиени информации за едно 500 функционери кои во минатото и дел во сегашноста, а за кои постојат индиции дека сториле нешто коешто нели цениме дека не е во согласност со законските одредби“.

Ова е одговорот на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прашањето, дали полицијата ќе ја истражи валидноста на ТОЕФЛ-сертификатот на неодамна избраниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски.

На допоолнителното прашање, дали меѓу документите за проверка на тие 500 фунционери е и ТОЕФЛ-сертификатот на шефот на АНБ, Бојан Христовски, обезбеден од компанијата „Јулија Ко.“ од Пловдив, Бугарија, Тошковски одговори дека „ќе постапува како што постапува и во изминатиот период, професионално и неселективно“.

Шефот на АНБ во својата биографија навел дека положил ТОЕФЛ-испит за англиски јазик во Пловдив, Бугарија, во училиштето „Јулија Ко.“ во 2022 година. Истата година, во истото училиште, тврделе дека добила сертификат директорка на училиште и директорка на болница, кои месецов на суд признаа и се осудени дека сертификатите им биле фалсификат.

.

Зачлени се на нашиот е-билтен