Енергетските мерки обезбедија пониски цени за струја, а враќањето на евтината тарифа дополнително ги намали сметките

Мерките кои ги презеде државата во справување со енергетската криза, обезбедија пониски цени на струјата од почетокот на 2024 година.

Намалување на сметките за струја има во првиот блок, додека во вториот блок цените остануваа исти.

Цената на струјата за граѓаните во првиот блок од 1 јануари се намали за 5,16 проценти. Во вториот блок остана непроменета, во третиот блок има зголемување на цената од 2,88 проценти, а во четвртиот блок за 1,86 проценти.

Според податоците, 80 отсто потрошувачите во државата никогаш не влегуваат во третиот блок, дури и во зимските месеци остануваат во вториот блок, што значи дека повеќето корисници ќе плаќаат поевтина струја.

Покрај намалувањето, домаќинствата од 1 декември 2023 година користат и дневна евтина тарифа на струјата, секој ден од 13 до 15 часот.

Директорот на Агенцијата за енергетика во изјава за МТВ вели дека сега на располагање е и дополнителен интервал на евтината дневна тарифа од која се очекува заштеда од 1000 денари.

-Граѓаните сега имаат вкупно 11 часа евтина електрична енергија, а пониски сметки ќе имаат и оние кои ќе влезат во третиот блок. Дури и оние кои ќе влезат во третиот блок ќе имаат пониски сметки. Затоа што таму цената е минимално корегирана и тоа за 2 отсто, што ќе се амортизра со значајното намалување во првиот блок, кумулатлавно“, рече Николовски.

Тој потенцираше дека сега има вкупно 11 часа евтина електрична енергија во денот која е на располагање за граѓаните. Од понеделник до сабота и плус 24 часа во ден недела што практично е над 50% од енергијата во текот на цела недела и таа е во евтин интервал.

Враќањето на евтината тарифа е во вистинско време, затоа што трошоците на граѓаните се зголемуваат во зимскиот период. Од оваа мерка најмногу корист имаат оние кои внимаваат и штедат, како и пензионерите кои во тој периодот од денот се во своите домови. (Центар.мк)

Треба да знаете
Moже да ве интересира