Skip to content
Facebook Instagram Youtube Tiktok
  • Македонија
  • Економија
  • Кластер ЕУ
  • Регион
  • Свет
  • Култура
  • Магазин
  • Спорт
  • Ставови
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Наши приказни
  • Македонија
  • Економија
  • Кластер ЕУ
  • Регион
  • Свет
  • Култура
  • Магазин
  • Спорт
  • Ставови
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Наши приказни
Facebook Instagram Youtube Tiktok
  • Македонија
  • Економија
  • Кластер ЕУ
  • Регион
  • Свет
  • Култура
  • Магазин
  • Спорт
  • Ставови
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Наши приказни
  • Македонија
  • Економија
  • Кластер ЕУ
  • Регион
  • Свет
  • Култура
  • Магазин
  • Спорт
  • Ставови
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Наши приказни

Логомотива.мк, ризница на македонскиот графички идентитет

  • 04/01/2024
  • 12:01
  • Анализи, Култура
  • Постави го Рацин за твој Google извор

Логомотива.мк е архива на македонските логоа, но и повеќе од тоа – таа нуди увид во македонскиот графички идентитет, и заради тоа е значаен проект

Kако настанала Логомотива.мк?

Како што велат авторите, Небојша Гелевски – Бане и Александар Гижаровски, се работи за ризница на логоа за секој кој го цени дизајнот, историјата и културата на Македонија.

Проектот настана од RetroMK (проект на Бане за документирање на историјата на МК дизајн) започнат во 2008 година и ФБ групата Логомак (подоцна Логомотива на Бане, Александар и Немања Трајковиќ) од 2015 година. Во групата значаен придонес имаат дадено бројни македонски дизајнери и ентузијасти како Златко Ангелески, Valdamarr Sveinaldsson, Зоран Кардула и други. Во 2024 година проектот се трансформира во logomotiva.mk.

Оваа колекција на македонски логоа опфаќа повеќе децении и ја прикажува еволуцијата на дизајнерските трендови, што ја прави непроценлив извор за дизајнерите, историчарите и ентузијастите.

Зошто е Логомотива.мк е битен проект?

„Просечниот Американец дневно гледа 16.000 реклами, логоа и етикети,“ вели д-р Дарма Синг Калса во книгата „Долговечност на мозокот“. Колку логоа гледа просечниот Македонец денес не е познато. Со глобализацијата и интернетот веројатно гледа сличен број, но колку од нив се македонски логоа? Веројатно мал процент.

Logomotiva.mk нуди увид во еволуцијата на македонскиот графички идентитет, брендовите и културата. Проектот има естетски вредности, но уште повеќе научни и културни – тој го илустрира влијанието што логоата можат да го имаат врз обликувањето на визуелниот идентитет на една нација.

Кога станува збор за архивирањето на македонските креативни производи, состојбата кај нас е лоша. За потребата од архивирање на домашната култура и идентитет зборувавме во повеќе наврати, со лични примери, како и со напори да се архивираат одредени значајни проекти од минатото (Електролит, Контрапункт).

На пример, ако се обидете да побарате архива од некое списание, плакат или друг графички материјал во Македонија низ кафкијанските лавиринти, ќе се изгубите помеѓу правливите фикуси и кожените фотелји од 1970-тите години на минатиот век. Да не беа приватните иницијативи како тие на Бане, прашање е и дали ќе ги најдевме.

Универзитетската библиотека нема многу разбирање за проблемов и од муабети со дизајнери кои пребарувале материјали во неа дознавме дека примероците не се дозволени за изнесување од библиотеката (разбирливо), дури и ако им понудите помош за нивна дигитализација (неразбирливо).

Како можете да помогнете?

Во колекцијата се присутни најголемите имиња на македонската уметност и графички дизајн, како Драгутин Аврамовски – Гуте, Костадин Танчев – Динка, Мирослав Грчев, Владимир Боројевиќ, Нико П. Този. Митко Хаџи Пуља и други.

Сепак, како што зборувавме – архивирањето во Македонија е проблем, постојат голем број логоа кои се со непознат автор. Тука се истакнува заедницата и преку ФБ групата се пронајдени некои од непознатите имиња, но дел остануваат неидентификувани.

Затоа преку Логомотива.мк се повикуваат дизајнерите и ентузијастите да ги идентификуваат непознатите автори – потребен е заеднички труд.

Што да се прави понатаму? Итна и масовна дигитализација!

Да бидеме искрени, проект како Логомотива треба да покрене Владата или некое од Министерствата (за наука, култура или вистина…) и да го плати дебело!

За среќа (во несреќа) имаме луѓе како Бане и Александар кои одвојуваат од сопственото време и финансии да покренат вакви проекти. Уживајте!

Web: www.logomotiva.mk

Instagram: https://www.instagram.com/logomotiva.mk

Facebook: https://facebook.com/logomotiva.mk

извор: https://arno.mk/logomotiva-mk-riznica-na-makedonskiot-graficki-identitet/

Редакција Трн

Постави го Рацин за твој Google извор

Најново

Ја имате во кујната, а може да го чува памтењето: Науката ја издвојува оваа билка
Трамп
Нафтата над 100 долари, стигнува ли нов ценовен удар до Македонија?
Нападното стратешкото руско пристаниште Новоросијск со дронови, гореа нафтениот терминал и воената база
Атина Бојаџи го испиша вториот македонски 9 септември во Ла Манш
Преспа
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано
„Безбеден град“
Од сабота „Безбеден град“ ги вклучува камерите и во овој град
Албанија
Планините на Албанија за едно евро: Инвестиции или легализиран грабеж?
Силна експлозија во хидроцентрала во Швајцарија, загинаа двајца работници
Фирми фантоми добиле 16 милиони евра од Грција, под истрага 46 лица

Македонија

Трамп
Нафтата над 100 долари, стигнува ли нов ценовен удар до Македонија?
Атина Бојаџи го испиша вториот македонски 9 септември во Ла Манш
Преспа
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано
„Безбеден град“
Од сабота „Безбеден град“ ги вклучува камерите и во овој град
И денес „талог“ во речникот на премиерот: Мицкоски ја заостри реториката
Нови 9,5 тони македонски пиперки одат на уништување поради пестициди
Шутка пред промена на директор, Утковски поднел оставка до Владата
ХЕРА
ХЕРА: Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите
„Безбеден град“ од сабота и во Велес

Најново

  • Магазин
Ја имате во кујната, а може да го чува памтењето: Науката ја издвојува оваа билка
  • Економија, Македонија
Нафтата над 100 долари, стигнува ли нов ценовен удар до Македонија?
  • Свет
Нападното стратешкото руско пристаниште Новоросијск со дронови, гореа нафтениот терминал и воената база
  • Култура, Македонија
Атина Бојаџи го испиша вториот македонски 9 септември во Ла Манш
  • Македонија
Преспанското Езеро е повисоко за 53 сантиметри, но сушата дојде порано
  • Македонија
Од сабота „Безбеден град“ ги вклучува камерите и во овој град
  • Регион
Планините на Албанија за едно евро: Инвестиции или легализиран грабеж?
  • Свет
Силна експлозија во хидроцентрала во Швајцарија, загинаа двајца работници

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?

  • Македонија
  • Економија
  • Кластер ЕУ
  • Регион
  • Свет
  • Култура
  • Магазин
  • Спорт
    • Мундијал
  • Ставови
    • Колумни
    • Интервју
  • Наши приказни
  • Македонија
  • Економија
  • Кластер ЕУ
  • Регион
  • Свет
  • Култура
  • Магазин
  • Спорт
    • Мундијал
  • Ставови
    • Колумни
    • Интервју
  • Наши приказни
  • За Рацин.мк
  • Импресум
  • Kонтакт
  • Политика на приватност
  • За Рацин.мк
  • Импресум
  • Kонтакт
  • Политика на приватност
Facebook-f Instagram Youtube
© 2023 – 2026 | Рацин.мк | Сите права се задржани.