Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Николовски: Во македонската православна црква се случува сериозно руско влијание и тоа оди по линија на еден или двајца владици

„Искуството низ годините покажа дека верските прашања можат да бидат многу сензитивни. Затоа сметам дека пишувањето и објавувањето на информации и за тоа какви се состојбите во МПЦ и ИВЗ е корисно за општеството. Јас тоа го работам низ призма на новинарскиот аспект. Така функционира религија.мк, не е верски портал. Се создаде фама дека владиците и нивното општество се доведени во опасност поради моите пишувања. Ниту сум јас толку моќен ниту пак тие толку ми се плашат“, изјави новинарот Марјан Николовски на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“ по прашање на тема околу обидите на црковните власти да го замолчат критичкото новинарство преку црковно-судски постапки.

Тој додаде дека сето ова што се случува извесен период во македонската православна црква од 2022 година на крајот и почетокот на 2023 година кога на Божиќ, кога наводно беше честитан именденот на архиепископот и празникот од страна на вториот човек на руската православна црква, шефот на одделот за надворешни работи на руската православна црква.

„Ако рускиот патријарх пред некое време од литургиите ја изфрли делот каде што православната црква се моли за мир во светот и тој дел по декрет на рускиот патријарх е изваден од литургиите и секој руски свештеник ако се моли за мир е санкциониран во Русија. Парадоксот и паранојата на руската православна црква оди до таму. Во македонската православна црква се случува сериозно руско влијание и тоа оди по линија на еден или двајца владици коишто во моментот едниот е обвинител а другиот ќе биде судија“, потенцираше Николовски.

Тој додаде дека во принцип во црквата постои институција која се нарекува архиепископски црковен суд, епархиски суд, синод, но тој суд постои да го санкционира клирот на МПЦ ако се огрешил по однос на работењето на Уставот на МПЦ институционално или ако ја нарушиле догмата од верски аспект.

„Во мојот случај, јас сум новинар, не сум клир на МПЦ, а и да сум верник не сум ја нарушувал догмата. Не проповедам дека Христос не е тоа што е. Не проповедам еретички учења, за тоа постои суд. Еден од владиците вели дека не е основано тоа обвинение. Тоа е само форма, идејата е сосема поинаква. Идејата е тоа да помине кај мене за да може утре да се пресметуваат тие двајца владици по налог на Москва со други свештеници кои не сакаат МПЦ да се претвори во руски инструмент за безбедносен проблем во државата“, заклучи Николовски.

Зачлени се на нашиот е-билтен