Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Песков и Лавров – пропагандните ѕвезди во информативниот простор на проруските македонски медиуми

ДРАГАН МИШЕВ

Во соработка со Мониторинг тимот на Цивил

Непосредно пред почетокот и сега за времетраење на изборната кампања, неколку високи функционери на една политичка партија, но и претставници на некои невладини организации блиски до овие политички опциин, во своите изјави за јавноста го минимизираат, па дури и целосно го негираат руското влијание во Северна Македонија, следејќи ги така токму наративите на руската пропаганда што ја отсликува долгогодишната стратегија што ја користи Кремљ,  да ја убеди јавноста дека не станува збор за руско влијание кога се обликува отпорот, разочарувањето и недовербата кон демократските институции во земјава, уверувајќи ја публиката дека сето тоа ќе се промени со нивното доаѓање на власт.

Рускот делувањето во македонското општество, особено во време на претседателски и парламентарни избори, не само што не е незначително, како што тврдат некои политичари и нивни поддржувачи и блиски соработници од граѓанскиоѕ сектор, туку, напротив, тоа е засилено преку споделување на наративите на пропагандистите на Кремљ во добар дел од македонските медиуми, барен оној, благонаклонетиот кон путиновата Русија.

Така, неколку очигледни антизападни руски пропагандни наративи наидоа на особен интерес кај овој дел од македонските медиуми, и станаа дел од секојдневните споделувања и кај еден сегмент од македонските корисници на социјалните мрежи, блиски до кандидатите за претседател и политичките опции кои се дел од антиевропската и антидемократската иднина на државата, што, меѓу другото, може да се види и од пласираните политички рекламни пораки за претстојните избори кај поголемиот дел од ова „одбрано“ друштво.

Овие медиуми(речиси секогаш истата група), со примена на пристрасното селектирање на информациите, ги пренесуваат само оние кои одговараат на тезите и наративите на нарачателот, додека оние кои не им одговараат едноставно се игнорираат и отфрлаат, со што се наведува јавноста на погрешна перцепција и заклучоци. Некритички или нецелосно, пристрасно се пренесуваат одредени информации кои одат во прилог на политичката опција која стои зад медиумот, односно, на нарачателот кој стои зад таа политичка опција, и со погрешно наведување, како апсолутна вистина им се нуди на граѓаните.

Очигледен пример за тоа како функционира руската пропаганда во дел од македонските медиуми е и последното, координирано, (како) под команда сензационалистичкото и некритично, со нескриена поддршка и воодушевување, пренесување на вестите кои доѓаат од руски извори, најчесто непотврдени од трета независна страна. Се пренесуваат информации и соопштенија на Кремљ кои ги величаат руската вистина и руските сфаќањата за демократијата, човековите права, војната во Укркаина.

Така, се пренесуват и небулозни тврдења, кои дури и немаат допирна точка со науката, како тоа дека само 3 % од луѓето го имаат овој знак на дланката: Тие се родени да бидат моќни, меѓу нив е и Путин, и се воскреснуваат дебанкирани теории на заговор со кој се посочува западот како виновник за сé и сешто, па и за заболувањата од рак на овие простори со пренесување на вест дека Поранешен соработник на Путин го оптужи НАТО за епидемија на рак во Југославија: Муниција од ураниум убива и 25 години ,  „И 25 ГОДИНИ ПО АГРЕСИЈАТА НА НАТО ЛУЃЕ УМИРААТ ОД РАК“ Соработникот на Путин го коментираше бомбардирањето на Србија,  и здружно се пренесува ставот на Кремљ дека Русија и НАТО се во директен судир, без да се наведат демантите од претсавници од земји членки на НАТО, меѓу кои и Северна Македонија.

Сепак, очигледно е дека најголемите и најомилени пропагандни ѕвезди на информативниот простор на проруските македонски медиуми се рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

А изгледа дека особено им беше интересна изјавата на Песков: Де факто постои воен сојуз меѓу Јапонија и САД, кој во уште еден напад на САД го обвини Вашингтон дека отсекогаш бил пречка за решавање на еден од Руските главни проблеми за мировен договор. Тоа, а не руските неоимперијалистички територијални претензии кои Москва ги гаи децении наназад кон речиси сите свои соседи.

И секако, за да придонесат во подобрување на угледот на Русија како светска велесила, откако веќе трета година „втората“ армија во светот не успева да го скрши отпорот на послабо вооружените и помалубројни Украинци, треба да јае претстават Русија барем како вселенска велесила, која нема што веќе да разговара за „земните“ работи,па како на стратешко безбедносно прашање приоритет му се дава на оружјето во вселената, и се пренесува изјавата на Песков дека за Русија, главната потенцијална област за дијалог со САД е оружјето во вселената. А колку оваа вест е битна за самата Македонија и македонските читатели, е веќе друго прашање.

И сѐ до последното ревносно медиумско покривање на посетата на Лавров на Кина, како на времето при посетите на Тито на Северна Кореја, што и не зачудува, имајќи го предвид фактот дека токму македонските новинари беа единствените кои му пружија големо внимание на маргинилизизираниот Лавров при посетата на Самитот на ОБСЕ во Скопје, а и во наративите на политичките опции што ги поддржуваат овие медиуми, Русија и Кина се посочуваат како алтернативи за НАТОИ и ЕУ. И како да се натпреваруваа кој ќе извади по „вистинит“ опис на средбата помеѓу двајцата министри, како создавањето нов пат на хармоничен соживот и соработка, по што Кина ќе го поддржи стабилниот развој на Русија под водство на Путин,  и секако дека  Лавров и  Ванг се заложиле дека Русија и Кина да ја зајакнат стратешката соработка и ќе застанат на страната на праведноста и правдата..(праведноста и правдата се навистина „на високо ниво“ во тоталитарните владејачки режими во Русија и Кина), а како „блескава“ изјава на рускиот министер за надворешни работи, се издвојува описот на  Лавров за мировната формула на Зеленски како „ шуплив ултиматум за преговори со Украина“ кој е „разведен од реалноста“, без притоа воопшто да го земат предвид објавувањето, барем на основните точки од таа формула, пред читателите, што сопственикот на тој портал, како долгогодишен новинар, би требало да го има како дел од професионалната етика.

Оваа проруска медиумска групировка, составена од неколку постојани, веќе добро познати членки, со по некој дезориентиран новајлија, со ширењето на ваква прикриена руска пропаганда има за цел, токму пред изборите да проба да ги одврати граѓаните од поддршката за НАТО и ЕУ, и да ги насочи кон наративите на одредени политички опции и нивните надворешни нарачатели, дека за иднината на Македонија не е круцијално членството во евроатлантските сојузи, туку има и други, „подобри“ алтернативи, кои доаѓаат од истокот. (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен