СДСМ: Лото добивката од 5,5 милиони евра, се паднааж кај Мицкоски

СДСМ

СДСМ бара целосно објавување на документите и договорите поврзани со ангажманите за овогодишната прослава, тврдејќи дека преку АД „Државна лотарија“ биле исплатени околу 5,5 милиони евра.

Од опозициската партија велат дека станува збор за средства од јавен карактер и бараат Владата и надлежните институции да објаснат на кои компании им биле доделени средствата, врз основа на кои критериуми и за какви услуги.

„5,5 милиони евра – оваа година лото добивката се падна кај Мицкоски“, наведува СДСМ, обвинувајќи ја власта дека претходно трошоците за прославата ги претставувала како „нула денари“.

Од партијата поставуваат и низа прашања во врска со постапката во Државната лотарија, меѓу кои и како била избрана тричлената комисија која одлучувала за изборот на фирма за прославата.

СДСМ бара одговор и за тоа како е можно претседателот на комисијата, според нивните наводи, истовремено да се појавува како автор на оркестрациите и аранжманите за концертот.

Опозицијата бара да се објават и информациите за ангажираните компании, вклучително и фирмите поврзани со избраниот изведувач или организатор, како и износите што им биле исплатени преку Државната лотарија.

Од СДСМ прашуваат и колку средства биле издвоени за провизии и проценти, кога биле исплатени изведувачите и во кои износи.

Особено бараат одговор дали настапот на Дејвид Гета бил договорен пред завршувањето на јавниот повик и пред да биде познат исходот од постапката.

„Мора да има одговори на сите прашања“, велат од СДСМ, од каде што оценуваат дека постојат сериозни сомнежи за начинот на кој биле потрошени јавните средства и бараат целосна транспарентност околу договорите и исплатите.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?