Поповски: Мицкоски е во очај штом нуди „веридба“ со Левица и формирање моноетничка Влада, што е исклучително опасно за Македонија

Аналитичарот и колумнист на Рацин.мк Тони Поповски, оценува дека Мицкоски изгледа е во очај штом нуди „веридба“ со Левица и формирање моноетничка Влада, што е исклучително опасно за Македонија.

До оваа констатација Поповски доаѓа по медиумскиот настап на Васко Наумовски и Ненад Марковиќ, професори на Правниот Факултет на УКИМ, во емисија на ТВ Телма.

„Одлична емисија со Наумовски и Марковиќ, колеги од Правниот факултет при УКИМ. Во еден момент Васко Наумовски, кој е ДПМНЕ но не е Орбановец, односно е доследен европски десничар и одличен аналитичар, прогнозира мала излезност, наспроти анкетите на Влајко и прогнозите на Николовски за излезност близу 60%“, посочува Поповски.

Врз основа на кажаното во емисијата, според Поповски, со мала излезност, можеби не како на претходните ковид избори, да речеме цирка 970 – 980 000, бројот на пратеници Албанци може да биде вкупно околу 27 и на ова надоврзани уште 3-4 пратеници во коалицијата на ДУИ, каде има две партии на Турците и по една на Ромите и Бошњаците, или тотал 30-31. Помалите партии како Левица (со капитал од 50к избирачи на локалните избори), ЗНАМ и коалицијата на Стевчо (заедно цирка 45 к) можат да дојдат до 10-11 пратеници. Остануваат цирка 80 пратеници за коалициите на ДПМНЕ и СДСМ, прогнозира Поповски.

Тој вели дека со тоа доѓаме до критична точка на која од двете коалиции граѓаните ќе ѝ дадат поголема поддршка.

Иако, според некои показатели, во моментов предничи поддршката за ДПМНЕ, Поповски посочува дека „повикот на ДПМНЕ за обединување со Левица и ЗНАМ е повик за создавање моноетничка влада, а таква влада и според Силјановска е опасен потфат со сериозни внатрешно политички ризици“.

Поповски во таа насока потсети на реакциите на симулацијата на ДУИ со партнерите како би изгледал моноетничкипт парламент според ниваната проекција.

„Но, овој повик кон Левица и ЗНАМ првенствено се случува поради математиката од погоре и поради настојувањето на Мицкоски по секоја цена да направи влада“, заклучува Поповски.

Поповски укажува дека „после интервјуто на Агелар, ВЛЕН конечно потврди дека нема да влезе во влада без претходно направени уставни измени“ и дополнува дека коалицијата на Таравари после овој повик за „веридба“ на ДПМНЕ со Левица, сега уште помалку ќе има интерес да партиципира, иако таквата „зделка“ е продуктивна во смисла на гласови за Силјановска во втор круг.

Поповски нагласува дека „повторно, непристрасно и чисто математички, единствени кои можат да состават продуктивна влада која нема да ја наруши внатрешната стабилност, се коалицијата на СДСМ, со двете коалиции на албански партии, и евентуално ЗНАМ, доколку ја смират кавгата во социјал-демократското семејство“.

„Во вакво сценарио, бидејќи ДПМНЕ нема да може да направи  влада, треба да се остави подотворена врата за реновирано про-европско, наспроти орбановската ДПМНЕ. Има силно крило во ДПМНЕ кое е на тие позиции. Таква широка влада на која опозиција би и била само Левица, треба и реално може да не внесе во ЕУ за 4 до најмногу 6 години од сега“, истакнува Поповски.

Поповски, врз основа на оваа анализа, укажува дека „сите непродуктивни кавги ќе се потиснат во позадина, и заедно ќе се изоди тој стратешки пат. Сѐ друго е вовед во нов циклус на загубени можности, но и можни сериозни компликации“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира