Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки шири невистини дури и за трагедијата во Лепенец во која загинаа три лица

Претеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки преку објава на социјалните мрежи се обидува да ги вознемири граѓаните ширејќи невистини за наводно нелегално присуство на полициските службеници од Косово, кои всушност дојдоа да помагаат во потрагата по возилото од Косово кое падна во реката Лепенец пришто загинаа три лица.

„Спасовски нека шета по кампањи рамо до рамо, а странски униформирани лица нека ни шетаат во државата“, објави Ковачки, обидувајќи се да добие ситни политички поени и од трагедијата.

Од МВР велат дека по трагедијата, а врз основа на меморандумот за соработка што го имаат со косовската полиција, пристигна екипа со опрема од косовската полиција која постојано работеше со македонските полициски службеници во потрага по косовските граѓани.

„Неверојатно е како некој може дури и ваква трагедија да ја употреби за политиканство и вознемирување на граѓаните. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите подметнувања. Ниту е загрозена безбедноста ниту има било каква потреба за вознемиреност. Македонската полиција е гарант за безбедноста на граѓаните“, велат од МВР.

Но, и покрај демантот на МВР, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки продолжува да спинува и да шири лаги.

„Ако косовските полицајци биле присутни во Македонија согласно некој меморандум за соработка со косовската полиција, дали тоа значи дека можат слободно во униформа да шетаат низ Македонија?“, објави меѓудругото Ковачки.

Пратеникот Ковачки знае дека униформирани лица не може слободно да шетаат низ територијата на Македонија, но очигледно е дека неговата задача е да предизвика страв и паника кај граѓаните, а секако и да шири политичка пропаганда дека власта предводена од СДСМ треба час поскоро да падне. (ЦивилМедиа)

Треба да знаете
Moже да ве интересира