Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО Љупчо Поповски во „Политиканти“: Ако (не)официјално се откаже од ЕУ, Македонија ќе назадува

„Не знаеме каков ќе биде распоредот на силите во идниот Европски Парламент, не се обрнува премногу внимание на тоа и тука може да се насанкаме. Огромен дел од оние аналитички првенци на опозицијата имаат голема надеж дека со претседавањето на ЕУ на Унгарија и Орбан од 1 јули, демек сигурно ќе го покрене процесот на проширување. Тоа се приказни за постари деца“, рече новинарот и аналитичар Љупчо Поповски во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека еврокомесарот, Оливер Вархеји, кој доаѓа од Унгарија имаше изјава во Бугарија дека нема менување на преговарачката рамка за Македонија, а тој се уште ќе биде еврокомесар до ноември, кога се очекува да биде формирана новата Европска комисија.

Поповски исткна дека се уште не се знае каков ќе биде составот на новата Европска комисија и кои партии ќе влезат во коалицијата, поради што постои можност да падне притисокот врз земјава за европските интеграции.

„Има опасност да нема притисок од Брисел. Ако не сакате останете кај што сте, ако сакате еве ја понудата“, рече Поповски.

Од 750 слики од собирот на ЕПП, Мицкоски го имаше на една, додека Ковачевски на собирот на Европските социјалисти се сретна со Шолц, Санчез, Фредериксен… посочи Поповски.

„Кога беше Конгресот на ЕПП во Букурешт, се претставуваше дека биле претставници на ВМРО-ДПМНЕ, па беше и Гордана Силјановска Давкова. Од 750 нивни фотографии, имаше само една фотографија од делегацијата од Македонија, каде се обраќа Мицкоски на панелот каде се обраќаа членки кои не се дел од ЕУ, а имаше стотици фотографии од гости, членови“ рече Поповски.

Тој додаде дека не тврди оти претставниците на ВМРО-ДПМНЕ немале средби, но доколку биле толку важни во ЕПП, како што се претставуваат, тогаш таа важност ќе беше покажана.

„Две недели претходно се одржуваше Конгресот на Европските социјалисти во Рим. Таму СДСМ е високоранктиран член, Шекеринска е потпретседателка, Маричиќ е член на претседателството, па немаше галама дека учествувале“ рече Поповски.

Поповски додаде дека во рамките на Конгресот, Ковачевски се сренал со Шолц, Санчез и Фредериксен.

Ако проевропските граѓани останат дома и не гласаат, може да се запечатиме со години и да отидеме во една дупка од која нема излез, вели Поповски.

„Голем е бројот на поддршка за Европа, а малку се покажува на анкетите. За тие проевропски сили е клучни да ги вратат тие гласачи. Не е само тоа што тие ќе изгубат, туку може во одредена ситуација да се запечати за многу години целата таа опција и да отидеме во една дупка од која нема да знаеме како да излеземе, туку ќе копаме уште долу“, предупреди Поповски во поткастот „Политиканти“.

Тој додаде дека има околу 20 отсто неопределени гласачи според анкетите, од кои најголемиот дел се разочарани гласачи на СДСМ.

Новинарот кажа дека ВМРО-ДПМНЕ сега е поблиско до почетните позиции на крајната десница откоку до центарот, и дека со идеолошката матрица почнува да оди се подесно.

„Според мене ВМРО-ДПМНЕ е поблиску да направи коалиција со Левица отколку со Максим Димитриевски и ЗНАМ. Освен некои крајни вредности на Апасиев, другите вредности им се слични“, рече Поповски.

Нелогично е да се води претседателска кампања без кандидатот, Силјановска Давкова ја нема на голем дел од митинзите, смета Поповски.

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ со сите сили ја поддржува и мора да биде поддршка за Гордана, бидејќи таа не може сама. Има места каде што таа не се појавува. Каде што има помали места, минатата недела беше Новаци, Демир Хисар и Битола. Во Новаци и Демир Хисар, Гордана не оди, само во Битола. Исто и Василево, Босилово и Струмица, само во Струмица се појавува“, рече Поповски.

Тој додаде дека можеби ѝ треба повеќе енергија и не би сакал да шпекулира зошто е тоа така, но на главните митинзи се појавува, а не и на останатите.

„Како може да се води претседателска кампања без кандидатот? Тоа е нелогично“ рече Поповски.

Тој додаде дека од друга страна останатите кандидати настапуваат на митинзи и без претседателите на партии, кои веројатно имаат доверба во своите кандидати.

„Можеби ВМРО нема доверба во тоа што го кажува Силјановска, не би можел да кажам, но само поставувам прашање“, заклучи Поповски.

Зачлени се на нашиот е-билтен