Нафтата повторно расте, Брент над 91 долар за барел

Цените на нафтата продолжија да растат на светските берзи, поттикнати од неизвесноста околу извозот преку Ормутскиот Теснец и затегнатите односи меѓу САД и Иран.

Според најновите берзански податоци, Брент нафтата поскапе за околу 0,5 проценти и се тргуваше по 91,44 долари за барел, додека американската WTI порасна за околу 0,6 проценти, на 85,45 долари. Со тоа нафтата го продолжи растот четврта последователна сесија.

Главниот притисок врз цените доаѓа од неизвесноста околу транспортот низ Ормутскиот Теснец, една од најважните рути за светската трговија со нафта. Вашингтон и Техеран даваат спротивставени информации за состојбата со пловидбата, додека обемот на транспорт низ теснецот останува намален.

Дополнителна загриженост предизвикуваат и безбедносните ризици за танкерите во регионот. Минатата недела цените веќе се зголемија по нападите врз танкери и застојот во преговорите меѓу САД и Иран.

На затворањето во вторник, Брент се задржа над 91 долар, додека WTI беше близу 85 долари за барел, највисоки нивоа од крајот на јули.

Фокус утрово објави раст од 0,64 проценти кај Брент, на 91,60 долари, и од 0,74 проценти кај американската нафта, на 85,55 долари за барел. Разликата во котациите се должи на моментот во кој се следи тргувањето на берзите.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?