Возачите повторно се соочуваат со повисоки цени на бензинските пумпи, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе нова корекција на максималните малопродажни цени на горивата.
Најголемото поскапување е кај дизелот, кој поскапува за 6,50 денари за литар и достигнува цена од 98 денари. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 поскапуваат за по 4,50 денари за литар.
Новите максимални цени се:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,00 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 95,00 (денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,50 (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 100,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 45,576 (денари/килограм)
РКЕ ја продолжи и примената на намалените акцизи – за два денари по литар кај бензините и за четири денари кај дизелот. И покрај тоа, растот на референтните цени на светските пазари донесе значително поскапување и на домашниот пазар.
Според последната пресметка, референтните цени на бензините на светските пазари пораснале за 8,983 проценти, а на дизелот за 10,979 проценти. Екстра лесното масло поскапело за 9,801 процент, додека растот кај мазутот бил 0,871 процент.

