Имаш 18 години? Во 12 часот почнува пријавувањето за бесплатна карта низ Европа

Денес, 1 октомври, точно во 12 часот се отвора новиот круг за пријавување за DiscoverEU, програмата преку која околу 40.000 млади на 18-годишна возраст ќе добијат бесплатни патни пропусници за истражување на Европа.

За младите од Македонија особено важно е што повикот не е ограничен само на државјаните на Европската Унија. Македонија е меѓу земјите придружени кон програмата „Еразмус+“, па младите од земјава можат да конкурираат под истиот повик.

Право на пријавување имаат младите родени од 1 јануари до 31 декември 2008 година. Пријавувањето почнува денес во 12 часот и ќе трае до 15 октомври во 12 часот. Часот е ист за Македонија и Брисел. Апликацијата се поднесува преку Европскиот младински портал, каде што кандидатите внесуваат број од лична карта, пасош или документ за престој и одговараат на краток квиз. Ова е линкот за пријавување: https://youth.europa.eu/discovereu_mk

Избраните кандидати ќе можат да патуваат од 1 март 2027 до 31 мај 2028 година. Пропусницата овозможува до седум дена патување во период од најмногу еден месец, а патувањето вообичаено се реализира со воз. Учесниците добиваат и DiscoverEU картичка со попусти за сместување, културни и спортски активности, локален превоз и други услуги.

Може да се патува самостојно или во група со најмногу четворица пријатели, под услов и тие да ги исполнуваат условите за учество. Резултатите од овој круг се очекуваат во јануари 2027 година.

За младите од Македонија, практично, денес на пладне се отвора можност со една апликација да стигнат до бесплатна карта за патување низ Европа, а рокот за пријавување е две недели.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?