Балкоски: Со влезот во ЕУ ќе ги зачуваме и прокламираме идентитетот и културата

„Не знаеме каде се движи ВМРО-ДПМНЕ во идеолошки рамки, дури дали се движи во идеолошки рамки на десничарските партии, па можам слободно да кажам и на левите идеологии затоа што не кажуваат јасно што и на каков начин сето тоа ќе го постигнат. Зачувување на идентитетот е во рамките на европските сојузи и европските рамки, ако сакаме поголемо зачувување на идентитетот и прокламирање на нашиот идентитет и нашата култура, тоа треба да го докажеме со влезот во ЕУ, и таму во рамките на европската култура, да учествуваме и ние и таму да го истакнеме нашиот идентитет и културно богатство“, изјави Љупчо Балкоски, пратеник од ВМРО-НП, во интервју за Слободен печат.

Тој додаде дека ако не се промовира идентитет на повисоко ниво, со текот на времето може да се изгуби.

„Не е начин, „ајде ќе го зачуваме идентитетот или културата ако сме затворени“… работата е ние таа култура да ја промовираме. Како ќе ја промовираме? Ќе ја промовираме во ЕУ, со европски стандарди, наши вредности“, потенцираше Балкоски.

Тој посочи дека ВМРО Народна партија остана доследна и секогаш ја промовира идејата за ЕУ, дека тоа е патот по кој Македонија треба да се движи.

„Тоа беше пред 25-30 години, така е и сега, затоа што опцијата што ја нуди Европската Унија е првенствено добра за Македонија. Сегашната ВМРО-НП ја продолжува таа идеја“, изјави Балкоски.

Тој додаде дека партијата ВМРО-НП е во коалиција со СДСМ уште од 2012 година. Она што е карактеристично за оваа коалиција е тоа што двете партии имаат различни идеологии. Она што ги спојува се заедничките идеи околу ЕУ и НАТО.

„Се надевам дека вакви коалиции со различни идеологии, а со иста цел, треба Македонија да ја придвижат напред. Ова е добар пример како во иднина треба коалициите да бидат. Не идеолошки коалиции или коалиции од интерес, туку коалиции со иста цел“, потенцираше Балкоски.

Во однос на сегашното ВМРО-ДПМНЕ, тој истакна дека не може да каже дека се за влез во ЕУ.

„Тие во ниеден момент не кажаа дека за ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ ја закочуваат идејата Република Северна Македонија да влезе во Европската Унија“, заклучи Балкоски.

Сега кога СДСМ со европската идеја сака да направи чекор напред за Македонија и приближување на кон Европската Унија, ВМРО-ДПМНЕ сакаат да постигнат застој.

„99-та година нашата влада го потпиша договорот за пријателство со Бугарија, без никакви обврски спрема двете страни. Тогаш требаше да се развиваат работите на пријателска основа. Меѓутоа, дојде смена, дојде СДСМ, па ВМРО-ДПМНЕ. Продолжуваше ВМРО-ДПМНЕ, не постигна никаков успех во тие преговори. Преговорите беа и со Бугарија и со Грција. Да не заборавиме дека ДПМНЕ и со Грција не направи ништо во тој дел, а имаше голема шанса, 11 години. Сега СДСМ со европската идеја да направи чекор напред за Македонија и приближување на кон Европската Унија, ДПМНЕ пак стопира и сега се доведуваме до ситуација да кажуваат „ајде, ние сега ќе преговараме“. Треба да се запрашаат самите во ВМРО-ДПМНЕ за што ќе преговараат. Преговорите во тој дел се веќе завршени. Ние со францускиот предлог, договорот што го потпишаа Заев и Борисов за добрососедски односи. Потоа дојде европскиот предлог, ЕУ го прифати и ние го прифативме, на каков начин да се движиме по патот со поглавјата на ЕУ“,изјави Љупчо Балкоски, пратеник од ВМРО-НП, на интервју на Слободен печат.

Тој додаде дека сега кога треба да се започнат првите две поглавја ДПМНЕ сака да се врати назад и да ги почне одново преговорите што веќе се завршени.

„Ние сега треба само да ги усвоиме уставните измени и да ги продолжиме преговорите. Сето ова што го кажува ВМРО-ДПМНЕ треба на некој начин сами да се преиспитаат дали навистина ова што го кажуваат сакаат да го постигнат, или сакаат да постигнат застој на Македонија“, заклучи Балкоски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира