ВИДЕО Ковачевски: Донесувањето тешки одлуки е како некој со нож да ви го сече стомакот, но лидер мора да преземе одговорност

Обединетите нации сè уште претставуваат најдобра платформа за обезбедување на светскиот мир и соработка со сите нејзини недостаоци кои се јавуваат во текот на функционирањето. И еден од клучните чекори кои Македонија мораше да го направи а тоа е членството во ООН. И го направивме. Пред 31 година ние станавме земја членка на ОН, под времена референца со оглед на отвореното прашање кое уште од самиот почеток го имавме со Грција и кое прашање остана незатворено уште 27 години.

Меѓутоа, тогаш благодарение на храброста и одлучноста на претсеадтелот Киро Глигоров и тогашното водство, Македонија стана земја членка на ОН, а знаевме колку тоа е значајно за греадење на една независна држава.

Ова го рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Фронтлајн.

Тој нагласи дека имаше отпор и од исти или слични актери кои што ги правеа отпорите при зачленувањето во НАТО.

„Нашиот отоворен процес на преговори со Грција траеше 27 години. И како заврши процесот, беше потребно некој кој што како Киро Глигорв што донесе одлука да имаме лидер кој ќе донесе одлука во однос на зачленувањето во НАТО а тоа значеше и решавање на деценискиот проблем отворен со Р. Грција.

Ние денес сме земја членка на НАТО и сега гледаме во услови на војна на европскиот континент што значи да се биде дел од најголемата безбедносна одбранбена организација во светот.

И на крајот гледате дека ние отпочнавме преговори со ЕУ. Тоа беше тешка одлука, тоа е одлука која јас ја носев. Чуството на тие преговори е веројатно исто како чувството како и на тие преговори кои ги имал Зоран Заев при преговорите за влез во НАТО и Киро Глигоров при преговорите за влез во ОН. Но, на крајот на денот, знам дека и граѓаните го делат тоа чувство, тоа чувство е како некој со нож да ви го сече стомакот. Кога преговарате меѓутоа од друга страна лидер мора да преземе одговорност и да донесе одлука која ќе донесе подобро утре и за нашите деца и за нашите внуци“, истакна Ковачевски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира