Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Соравија и Македонија

Каков е тој неверојатен судир со реалноста, со стварноста, без реален увид во скромноста на сопствените потенцијали и ресурси и со потценување на тие што ги фиксирале како непријатели

Пишува: Бранко ТРИЧКОВСКИ

Али Ахмети викал Учк, Учк, тоа било антиевропски чин, вели Мицко, кој кога вика, вмро, вмро, мисли дека му се обраќа на Бога и не забележува, нормално, дека прави антиевропски, антицивилизациски, односно антимакедонски чин од највисока категорија.

Кој курац е вмро да дели такви лекции на дуи, партијата која кумулативно има 0,00001 отсто од гревовите на вмро во сите деноминации, сосе дпмне, натурлих, но која до последниот миг, па и сега, со сите сили се труди да го совлада отпорот пред евроинтеграциите, имено на вмро.

Дуи ја купувал Соравија е второто обвинение кое веројатно сака да каже дека исправно би постапиле кога би купувале, граделе и продавале хидроцентрали или кога би граделе штабквартира во која можат да се сместат сите националсоцијалисти од Јужна Америка, Европа и Југоисточна Азија.

Или Соравии на Охридскиот брег, како што тоа убаво го направи Лигњата.

Мицко мисли дека Албанците се добри слаткарџии и семкари, односно дека не им личи од мали дуќанчиња да се префрлат во репрезентативни соравии.

Итн. Итн.

Првиот круг од претседателските избори покажа дека Македонија односно Македонците свртуваат, не десно, како што им се чини, туку во рикверц, кон фолклорното преддржавие.

Автобусот на македонскиот национализам вози само на таа линија.

Се разбира, додека трае патувањето, хистеризираната и пијана маса тоа не може да го препознае, но кога ќе стигнат, ќе видат кај ги довеле нивните ремакедонизатори, спасители, антизаговорници.

Целата нација е на пат да се претвори во заговорничка дружина против себе. Единствен случај во политичката историја на светот.

Случај кој бил можен, така ќе пишуваат истражувачите по сто години, само со широка распространетост на тежок инфантилизам, лабава или никаква национална свест и отсуство на граѓанска и национална одговорност кон државата.

Заедно со неверојатната препуштеност на неверојатната пропаганда во која, низ клучалката што им ја остави вмро, цело време ги гледаа порносодржините на власта што им ги пуштаа кинооператорите на комитлакот.

На тој начин останаа со перфектно чисти мозоци испрани од сите тврдокорни дамки на нормалноста.

И додека Македонците отидоа длабоко во рикверц, мислејќи дека одат десно, Албанците си останаа во место.

Затоа што сфатија дека немаат потреба од какви било движења сѐ додека Македонците од себе прават политички мајмуни, односно додека се претвораат во самоуништувачка секта која живее во мануистичката, вморонска и силјановскаја илузија дека со уставни егзибиции ќе ја направат Македонија држава на Македонците и другите што ќе ги вклопат во македонска политичка нација.

Каков е тој неверојатен судир со реалноста, со стварноста, без реален увид во скромноста на сопствените потенцијали и ресурси и со потценување на тие што ги фиксирале како непријатели.

Па, полесно е од Марсовците да направите Македонци – има ли некој да им каже? Или од бројлерите на Пивка.

Тоа е лепак кој смртта на Македонија и на нацијата ја прави весела понеже ги дрогира луѓето како децата што што по скопските улици дишеа лепак од пластични кеси.

Вмро е тој лепак и ништо повеќе.

Заедно со новата дрога што ја донесе водоводџијата од Куманово како и Говното со брада чија кандидатурка пропадна по стоти пат на сите сто избори за мис на Македонија.

И сега што?

Односот на општествените групи е поместен во корист на Албанците и со значителна штета на страната на Македонците.

Кои се дефакторизираа и десубјективизираа.

Од надеж на Европа станаа проблем.

Потенцијал за нова мини Словачка.

Без Дуи нема влада.

Која ќе трае подолго од два или три месеци.

Можеби половина година.

Затоа што Дуи можат да ја симнат само Албанците, а не Македонците, уште помалку вмро.

А за Албанците, Али Ахмети и другарите сѐ уште се главен национален фаворит.

Без нив ќе има политичка криза како кога Груевски го одбра Џафери.

Можен е и конфликт.

При што односот на силите е драматично неповолен за Македонците од кој денеска војници не може да направи ниту Александар.

Тие го обожаваат Халкидики.

Добро, го имаме Стојан Че кој може да го ослободи Арачиново, ама тешко ќе може сам да ги ослободи Матејче и Ваксинце.

О, мои драги, обнадежени будали: нема да можете да ги ебете „Шиптарите“, нема да не ги пуштите Бугарите во Уставот, нема да го вратите името, нема да ја растурите ниту Преспа ниту Охрид ниту Договорот со Бугарија, нема да ја ширите рамката, нема да ѝ трескате на маса на Европа и на САД, нема да нѐ спасите од „теророт на малцинствата“, нема да ја смените преамбулата за да ја утврдите Македонија како држава на Македонците и на другите, нема да направите ништо за ќеифот на македонските националисти на кои им ја кревавте температурата седум години, плус ќе морате да им отстапите на Албанците дополнителни јасно видливи и големи статусни права, законски политички и уставни, нема ништо од брикс, не се знае како ќе се справите со обврските што ги преземавте кон Москва итн.

Со други зборови: џабе кречевте!

Од еден чекор до Монт Еверест, направивте калакурница во Катманду.

Сдсм биле арогантни и не ви ги исполниле очекувањата, ви ја загушиле слободата.

Јас мислам тотално обратно.

И други луѓе кои имаа ментални филтери пред пропагандата мислат исто.

Тоа не значи дека не се направени милион грешки и фаули. Но генералната ориентација и состојба веќе на деветти мај ќе ја оценувате како период на македонската ренесанса.

Јас ве уверувам во тоа.

Јас знам дека едно е предизборието, а друго калкулациите потоа, но мислам дека ова ќе биде малку ту мач, мислам, волкаво количество на изневерување на очекувањата нема да може да издржи дел од македонските нацистички шушумиги, ќе има конфликти и внатрешни раслојувања.

Па уште кога парадерите ќе го фатат кормилото на власта?

Страв ми е да мислам како тоа ќе изгледа.

Од неуки и поткапацитирани типови.

Тој бродолом.

Смена на власта, океј, но кој ќе ги плати годините!? Мислам дека ќе биде поразен квалитетот на животот во секоја смисла, од движењето на цените, пензиите и платите удолу, преку иселувањето, инвестициите, образованието и сѐ друго, а корупцијата и криминалот ќе бидат, хахаха, во весела ренесанса.

Тажни и тешки времиња нѐ очекуваат, ако не се случи чудо на 8 мај.

Во Битола ми рекоа дека нема сива маса за чудо.

Дека возот е дефинитивно во мумуруската.

Срцето не ми дава да го споделам тоа видување, иако разумот ми вели дека тоа не е далеку од вистината.

И затоа, драги мои, да се обидеме да спасиме што може да се спаси.

Пред очи и без видлива причина, ни се урива осумдесет годишна историја, исполнета со феноменални дострели, со многу жртви и херои, уметници, научници, спортисти, новинари, политичари, професори, учителки и учители, со соживот.

Каков е тој непочит ако тоа го препуштиме на една злосторничка банда која не ја сака власта туку ја сака Македонија?

Вас ве сака.

За да ви каже дека комунистите ве излажале кога ви рекле дека сте Македонци и дека имате право на своја држава. (Фронтлајн)

Moже да ве интересира