Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украина, две години потоа: Орбанистичката дружина ќе учествува во некое друго одбележување, од другата страна на фронтот

Драматичен е само фактот дека таа орбанистичка дружина утре може да стане власт во Северна Македонија и, можеби, ако се доследни на себе, да ја ревидира нашата политика по клучното прашање за безбедноста на Украина, на Западниот Балкан, на Македонија и на цела Европа

Пишува: Бранко ТРИЧКОВСКИ

Прво се прашував зошто на Конференцијата на која беше одбележана втората годишнина од руската агресија врз Украина, ги немаше Мицкоски или Силјановска, или оној левакот со брада и неговата баба со претседателски амбиции, но бргу ми стана јасно дека за тој вид на глуматање не е време и дека луѓето се оправдамо отсутни.

Тие, претпоставувам, ќе учествуваат во некое друго одбележување, на друго место, од другата страна на фронтот.

Можеби на парадата во Москва на 9 мај.

Драматичен е само фактот дека таа орбанистичка дружина утре може да стане власт во Северна Македонија и, можеби, ако се доследни на себе, да ја ревидира нашата политика по клучното прашање за безбедноста на Украина, на Западниот Балкан, на Македонија и на цела Европа.

Конференцијата заврши со единствена поддршка на борбата на украинскиот народ и на неговото право да ја брани својатата татковина. Со почит кон безбројните жртви и осуда на беспризорните руски уништувања на милиони животи и материјални добра. Со геноцидни димензии и тотално локално разорување на меѓународниот правен поредок со тенденција поразот на правото да стане општа одлика пред силата.

Одлична организавија на Амбасадата на Украина и на Цивил. Со категорично обраќање на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, видео обраќање на премиерот Талат Џафери, убав говор на министерот Бујар Османи, потресно обраќање на амбасадорката на Украина, Дир и на повеќе други личности.

Со заложби да се продолжи и интензивира помошта на Украина затоа што Украина е на првата линија на фронот на демократскиот свет против силите на злото изникнати од времињата на европскиот мрак.

Со барање на одговорност.

Преку формирање на посебен трибунал.

Слава на Украина.

Смрт на државниот тероризам на Русија.

Треба да знаете
Moже да ве интересира