Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Волкот од Систина стрит

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Колку илјади километри треба да пливам за да стигнам до маргината на односите, до другиот брег, каде што можеби живеат поинакви луѓе (Сонтаг). Предалеку ми е тоа. Уморен сум. Ќе умрам тука, меѓу луѓето на кои националниот идентитет им е оружје за масовно самоуништување.

Нивната љубов кон Татковината е проста.

Простоќата на односот ги анестезира и тие весело ја поднесуваат претсмртната агонија.

Не е сѐ така лошо во нивниот систем нема правда има мир.

Нормалните системи не се толку или не се воопшто филмични.

Земете го, на пример, Орце.

Чувствувате ли дека овој човек може самиот себе да се продаде ако замоли некој добар автор да му напише филмична автобиографија, односно сценарио за филм.

Под услов тоа да не се Папокот и Шупакот на светот, односно Венко и Кикифрики.

Во соработка со американските, бугарските, македонските и другите служби, органи, тела и поединци кои можат да ја збогатат приказната.

За тоа како едно дуќанџиче со патики и тренерки стана центар околу кој се врти целата држава. Па и некои меѓудржавни релации. Како стана, ако може така да се каже лидер на корупцијата и закана за стабилноста на Западниот Балкан. Алка со алката на бугарските шовени и идиоти кои пак се алка од синџирот со идиотите од Москва. Тешка антизападна коалиција. На црната листа на САД. А се лечи во Хјустон. Не во Екатеринбург или во Бахмут.

Би сугерирал две нивоа: едното е дека Орце е појавноста на едно злосторничко здружување, и, второто во кое тој е автор на злосторничката мрежа од политичари, агенти, бизнисмени, курви…

И главен фактор.

Тој е интелигентен.

Бескрупулозен, но со стил.

Понекогаш глуп, како кога отиде да се слика во друштво со Миленко и оној идиот од Патриотскиот институт на вмро.

Во патриотска поза.

Кој би можел да го сними тој филм?

Скорцезе, се разбира.

А кој би го играл Орцета?

Де Ниро би бил идеален, но тој е престар и тука никаква шминка не може да го врати на годините на нашиот херој.

И Шон Пен би бил плукнат Камчев, но и тој е малку отиден со годините.

Бен Афлек?

Да, тој би можел да биде добар Камчев, но мој фаворит е Леонардо ди Каприо.

Ако можеше да го игра Хувер во еден широк временски дијапазон од неколку децении, Камчев ќе  му биде кафеанска заебанција.

Башка што Лео има фантастични остварувања, имено, под режисерската палка на Скорцезе.

Некои елементи од „Волкот од Вол Стрит“ можат фантастично да се вклопат во филмот за Орце. Неброени пари, журки, само малку поселски, секс на биро, секс во фотеља, секс на лустер, секс во групи, на работно место, во кафеански тоалет, во кола, во авион, со цистерни алкохол, бели шини од Владивосток до Алгарве…

Хахаха!

Втор филм од кој можат да се користат некои елементи е филмот за Мики Коен. Лосанѓелески мафиозо што го играше Шон Пен. Добро, тој филм чиј наслов го заборавив, („Гангстерски одред“ да не беше) е малку пожесток, но некои работи можат да се ќарат.

И други филмови ми паѓаат на памет: „Кинескиот кварт“, оној филм со Адријан Броди, Бен Афлек и  Дајан Лејн, „Холивудланд“, така мислам дека се викаше.

Од друга страна, мислам дека можат да се повлечат некои паралели со Тодориќ. Со Анте Тодориќ, развластениот газда на пола Хрватска, на кога сега му се насмевнува голема оштета. Орце опасно се доближуваше до статусот на Анте бркајќи го местото од кое се повлече првиот сеприсутен цар на сопственоста и парите.

Хрватска е и по друга линија интересна. Ние го остваривме идеалот на првиот претседател на Хрватска, Фрањо Туѓман, за 200 фамилии кои би ја поседувале целата држава. Со тоа што ние тоа го остваривме само со дваесетина, еве нека се и педесетина фамилии, но главни се, сепак, десетина.

Женски партнерки: Розамунд Пајк, Шарлиз Терон, Маргот Роби…

Убави жени.

Филм за 13 оскари.

Но, да не испадне дека  тоа би бил некаков колажен филм од веќе снимени работи. Скорцезе не работи така. Говорам само за инспирации и паралели заедно со оригиналните спектакли каков што беше измислената афера „Рекет“, во која падна СЈО и Катица заврши в затвор. Врз основа на таа филмска монтажа која можеше да успее како што впрочем успеа, само во едно хистеризирано општество, инаку целиот спот беше бескрајно инфантилен и судски ирелевантен.

Бгнет вели дека можеби е снимен во Бугарија.

Но беше релевантен како важен чин во растурањето на државата, опозициско продолжување на истата мисија што вмро ја водеше додека беше на власт.

Кикифрики тука одигра важна улога.

Кој заедно со вмро-дпмне и Жмицко треба да бидат во првата тура соработници на Камчев кои според американските сугестии треба да бидат предмет на занимавање на безбедносните и правосудни инстанци.

Имам една важна сугестија. Ако се случи Скорцезе да ми понуди јас да го пишувам сценариото, важен услов ќе биде: без многу морализираље, без патетика и категорично, во старт, осудување на Орце, обратно човекот мора да биде обоен со емоции и потези кои ќе разбудат кај публиката и одредена симпатија. Орце, што би рекла Хана Аренд, не е чудовиште, тој е еден од нас. А корупцијата е банално зло. Сите се корумпирани само на разлилни нивоа.

Хахаха!

Во крајна линија тој ќе биде лошиот, но и општеството нема да биде многу над него.

Морам на крајот со други зборови да го повторам тоа што го кажав на почетокот, а сум го кажувал милион пати во други прилики: Вмро успеа да ја растури супстанцата на општеството и посебно на нацијата и сега на местото на тој субјект нема ништо. И хрватското општество е прилично опустошено, за српското да не правиме муабет, сите си имаат свои вморони. Не ги амнестирам другите, затоа што и тие мислеа дека е добро да бидат националисти. И одбиваа да разберат дека Македонецот најлесно се убива со куршумот на национализмот.

(Фронтлајн)

Moже да ве интересира