Уште една несреќа во Турција, овој пат – хеликоптерска

Четворица припадници на турските вооружени сили загинаа денес при пад на воен хеликоптер во Турција, во провинцијата Малатја. Турското Министерство за национална одбрана потврди дека станува збор за хеликоптер од типот С-70 и соопшти дека причината за падот сè уште не е утврдена.

Хеликоптерот се урнал кај Саманкој, во округот Јешилјурт, околу 18:45 часот по локално време, објави турската агенција ИХА. На местото биле испратени пожарникари, медицински тимови и екипи на турската служба за вонредни состојби АФАД. Во првото соопштение Министерството наведе дека екипите стигнале до остатоците од хеликоптерот и веднаш почнале со потрага и спасување.

По падот избувнал пожар, а огнот се проширил и на блиска куќа. Пожарникарите го изгаснале, објавија турските медиуми. Според агенцијата ДХА, немало пријавени жртви на земја.

Полицијата и воените власти извршиле увид на местото на несреќата, пренесе ИХА. Во соопштението со кое Министерството ја потврди смртта на четворицата војници не беа објавени нивните имиња.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?