Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Божиќно танго“, вечерва во Кинотека како дел од проекциите „Ајде да се запознаеме“ на грчката амбасада

„Божиќно танго“ е дел од серијата филмски проекции насловена „Ајде да се запознаеме“, организирана од Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Грција во Скопје, со цел да се прикажат современи грчки филмови кои беа многу сакани од публиката во Грција но и во странство.

Базиран на најпродаваниот роман на Јанис Ксантулис, „Божиќно танго“ е романтична драма која се одвива за време на подготовките за Божиќниот бал во еден грчки воен камп во градот Еврос, во 70-тите години.

Поручникот Стефанос Караманидес, е еден строг војник кој има само една желба – да ја покани на танц својата тајна љубов, Зои, сопругата на полковникот Манолис Лонгос. За остварување на таа цел, Стефанос Караманидес ќе побара помош од еден млад, срамежлив и чувствителен војник, од Лазарос, да му одржи часови по танго. Нивната кратка, но пресудна средба ќе биде поттик за низа настани кои ќе кулминираат со танго…

Божиќното танго, еден ден кој ќе ги промени засекогаш животите на тројцата главни ликови. Филмот постигнал голем успех на кино благајните и добил три награди од Грчката филмска академија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен