Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хрватска за прв пат доби номинација за Оскар со филм за страдањата во Босна и Херцеговина

Меѓу номинираните за наградата Оскар за најдборо филмско остварување од неанглиско говорно подрачје, е и филмот „Човекот кој не можеше да молчи“ на режисерот Небојша Слијепчевиќ. Ова е филм за убиството на 20 несрпски цивили во Босна и Херцеговина.

Ова е прва номинација на хрватски филм за престижна награда откако Хрватска стекна независност, објави HAVC.

„Пресреќен сум што ја добивме номинацијата, но сепак ми е малку несфатливо. Веројатно целосно ќе разберам што направивме кога ќе ги пакуваме куферите за Лос Анџелес. Во текот на оваа долга кампања за Оскар, исклучителната поддршка од целата филмска заедница ми значеше многу. Затоа особено сакам да им се заблагодарам на сите наши филмаџии кои од срце не бодреа, кои зборуваа за нашиот филм, споделуваа клипови од филмот на социјалните мрежи и ги поканија гласачите на АМПАС на нашите проекции“, рече Небојша Слијепчевиќ по повод номинацијата. најава.

Зачлени се на нашиот е-билтен