Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Не е точно дека ќе има буџетско кратење кај Агенцијата за филм, Министерството за култура ќе ги исплати сите обврски кон македонскиот филм до крајот на годината

Во врска со  информациите по испратеното писмо од група филмски работници до Министерството за култура преку кое тие, според нив, искажуваат своја реакција од кратењето на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, како што велат „без претходна најава и без консулатации од Агенцијата за филм“, информираме дека Министерството за култура не пристапило кон никакво кратење на буџетот во културата, а уште помалку на буџетот на Агенцијата за филм, се истакнува во соопштението на министерството.

Во моментов во собраниска процедура е донесување на  одлука за прераспредба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите. По нејзино усвојување,  Министертвото за култура до крајот на буџетската година ќе ги преземе сите активности за исплата на обврските согласно склучените договори, меѓу кои и кон Агенцијата за филм.

Развојот на македонската филмска дејност во време кога македонските филмови и особено младите режисери остваруваат големи меѓународни успеси е еден од приоритетите на Министерството за култура, се вели во соопштението.

Апелираме до филмските работници да не потпаѓаат на шпекулации, на непроверени информации, невистини, манипулации и гласини.

Агенцијата за филм има потишано договори за реализација на филмските проекти, а со тоа има преземено обврски кон бројни авторски тимови. Министерството за култура до крајот на годинава ќе ги сервисира сите потребни финансиски средства кон Агенцијата за филм, за истата да може непречено да ги извршува исплатите согласно своите договори, стои во обраќањето до јавноста.

Треба да знаете
Moже да ве интересира