Омаж за Војкан Јовановиќ, гласот што остави трага

Војкан

Во чест Војкан Јовановиќ (1964-1999), на гласот што остави трага, во среда, на 8 јули, во 21 часот, во Three Garden Bar, ќе се одржи настан во спомен на уметникот што продолжува да инспирира.

Војкан Јовановиќ беше истакнат оперски бас и долгогодишен солист на Македонската опера. Препознатлив по својот длабок, моќен и впечатлив глас, тој остави значаен белег на македонската музичка и културна сцена. Беше активен на домашната класична и оперска сцена, со особено забележителни настапи во текот на 1990-тите години.

Иако денес не е присутен меѓу нас, велат организаторите, тој има оставено своја трага во македонската музичка уметност преку специфични оперски проекти и соработки со клучни музички институции.

Во текот на својата кариера настапуваше на најзначајните домашни и регионални сцени, вклучувајќи го и фестивалот „Охридско лето“.

Неговото наследство е дел од историјата на македонската опера и сведоштво за силата на уметноста, талентот и посветеноста.

Со ова одбележување, истакнуваат организаторите, се оддава почит кон уметникот и неговиот придонес кон културата, видливоста и вредностите на едно отворено и достоинствено општество.

Иницијатива за овој настан е Терапија, а за организација на програмата се погрижија Александар Ношпал, Сретен Костик, Драган Костадиновик и Д-р Милена Стевановиќ.

Модератор на настанот е Дарја Ризова, а со свој придонес ќе настапат Наде Спасовска-Талевска, оперска певица, до ди-џеј сет Соња Исмаил.

Домаќин на настанот е Three Garden Bar.

Најчитано