Школа за диџејство организирана од „Бруталиск“ и „Арт Бригада“

Кафе-барот „Бруталиск“ во соработка со „Арт Бригада“ и познати музички и ди-џеј имиња ова лето организира Летна школа за диџејство. Со тоа, на младите во Скопје им се нуди прилика – низ забава да учат за музичко-забавните клубови и диџејството, што ќе опфаќа обука за користење ди-џеј опрема и софтвер, како и изведување и продуцирање електронска музика и хип-хоп.

Школата има за цел стекнување на едукативно, практично знаење за диџејството преку интерактивна, практична настава и сеопфатен пристап кон разработка на предвидените теми. Конципирана е во 10 работни средби во две недели, со фиксен термин од 14:00 до 17:00 часот секој работен ден. Една работна средба трае три часа со предвивена една пауза од 30 минути.

Пријавените учесници треба да имаат сопствен лаптоп и слушалки. Останатата опрема е обезбедена од организаторот.

Сите заинтересирани можат да се пријават на мејлот radiograd.sk@gmail.com

На крајот од школата на 1 јули 2023., ќе се одржи вечерен настан во Бруталиск каде што учесниците пред публика ќе ги покажат стекнатите вештини.

Треба да знаете
Moже да ве интересира