Според вонредниот метеоролошки билтен издаден од Националната метеоролошка служба (ЕМY), невремето под име „Аргос“ за време на викендот зафати неколку делови од Грција.
ЕМY издаде „црвен аларм“ за сабота за Јонските острови, Епир и западна Централна Грција, додека за недела е издаден „портокалов аларм“ за Централна Македонија (регионалните единици Пиерија и Халкидики) и источна Тесалија.
Лошото време веќе предизвика поплави, одрони, прекини во сообраќајот и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Најсериозни инциденти се забележани во Сивота и Платарија во западна Грција, додека во Месолонги преку службата 112 беше испратено предупредување до жителите, со совет да го ограничат своето движење.
Се очекуваат силни ветрови од североисточен правец, кои според скалата на Бофорт ќе достигнат јачина 9, а во Егејското Море локално можат да достигнат и јачина 10.
Во областа Атика, невремето се очекува да започне во сабота попладне. Во недела температурите ќе опаднат, а на планината Парнита се очекува првиот снег. Во понеделник, максималната температура во Атина ќе се движи околу 8 степени Целзиусови.

