„Во Акрата нема мостови“ од Миле Бошњаковски ќе биде претставен пред јавноста

Бошњаковски

Во Изложбениот салон на Младинскиот културен центар (МКЦ), вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на новиот роман „Во Акрата нема мостови“ од македонскиот писател Миле Бошњаковски.

Како што е најавено, романот отвора теми за патувањето, љубовта, семејството и односите што ги обликуваат човечките судбини, следејќи приказна што се развива низ различни простори, јазици и внатрешни премини.

За книгата ќе говорат новинарот и публицист Зоран Бојаровски и новинарката Катарина Синадиновска, кои во своите осврти го истакнуваат нејзиниот „он роуд“ карактер, специфичната атмосфера и емотивната нарација.

„Во Акрата нема мостови“ е втор роман на Бошњаковски, по „Погром – записите на Рафаел Дорон“. Лектор на изданието е Јордана Шемко Георгиевска, уредник Ана Мартиноска, дизајнот е на Бојан Ивановиќ, а уредник за верификација на информации е Јанис Јеруланос.

Книгата веќе е достапна во книжарниците „Или-Или“, „Полица“ спроти СУГС „Јосип Броз Тито“, „Литература“ во „Ист Гејт“, „Сити мол“, „Дајмонд“, на улицата „Македонија“ и во ТЦ „Буњаковец“, како и во книжарниците „Сакам книги“ во Тифани, Лептокарија и „Капитол мол“ во Аеродром. Изданието е достапно и преку онлајн-продажбата на „Литература“, како и во книжарницата „Просвета“ во Охрид.

Најчитано