Фото на денот: Луѓето и лебедите заедно во летна разладувачка приказна

лебедите

Во топлите летни денови, на Охридското Езеро во Струга, и луѓето и лебедите го бараат истото – малку свежина и предивик за разладување. На фотографијата, пар лебеди со своите малечки безгрижно пливаат меѓу капачите, во една тивка, летна сцена што потсетува дека езерото е дом и за едните и за другите.

Фотографијата е направена денеска на „Женска плажа“ во Струга.

Името останало од времето кога капењето во Струга било поделено на машко и женско – денес на плажата се капат сите, но приказната за нејзиното име е дел од историјата на градот

Ако денес застанете на брегот на Охридското Езеро во Струга, тешко дека ќе помислите дека ова место некогаш било простор на кој жените и мажите оделе одделно на капење.

Но токму од таа традиција потекнува името „Женска плажа“.

Името останало.

Но времето ја променило неговата смисла.

Од простор во кој некогаш жените морале да бидат одвоени од мажите, Женска плажа денес е дел од заедничкото струшко лето – место каде што историјата, езерото и современиот живот се среќаваат на истиот брег.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?